Press "Enter" to skip to content

Пелистер Таскфорс во Битола го победи шампионот, најавена победничка серија и борба за титула (фотогалерија)

Пелистер Таскфорс – МЗТ Скопје 81:71

Екипата на Пелистер Таскфорс во Битола вечерва го победи актуелниот шампион, а кошаркарите и стручниот штаб како и најавија пред натпреварот ја започнаа победниката серија, а публиката побара и борба за титула и жалење за поразот од Работнички во Битола.“Пелистерци“ одиграа одличен натпревар, го надиграа првакот и славеа прва сезонска победа, со резултат 81:71, во натпревар во кој шампионот не успеа да дојде ни до израмнување.   Екипата на Пелистер Таскфорс беше далеку подобар противник во дерби дуелот на 3. коло, посебно во првото полувреме кога се  со предност и од 19. поени (39:20).Кошаркарите на Пелистер Таскфорс  натпреварот го отворија со осум поени, а на првата пауза беше 20:13. До полувремето Пелистер поведе и двоцифрено, највисокото водство беше 20 поени, ама со добра серија во финишот МЗТ намали на 39:30 на полувремето.

МЗТ и по паузата од 20 минути “бркаше“ разлика и успеа да дојде до -2, но “пелистерци“ не дозволија пресврт. Во последната четвртина се влезе со 60:51. Во 33. минута, МЗТ Скопје се доближи на негатива од само пет поени (63:58).Следуваше серија од 7:0 за Пелистер за да се врати на двоцифрена предност (70:58), а потоа полека битолчани дојдоа до првата победа.Најефикасни кај Пелистер Таскфорс беа Малком Бернард и Андреј Маслинко со по 21 поен.

More from ВестиMore posts in Вести »