Press "Enter" to skip to content

Успешна презентација на болница “Плодност“ на вториот балкански конгрес на медицински сестри, акушерки и техничари

Во организација на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “За нас“, како рамноправна членка на Балканската асоцијација на медицински сестри, се оджа вториот Балкански конгрес на тема „Здравствената нега – научна дисциплина“ во Струга во хотел “Дрим“.На конгресот, претставниците од болница “Плодност“ имаа три презентации:

-“Наши искуства со новините во лапароскопската хирургија“, – прим. д-р Таше Трпчевски.

-“Наши искуства за породување во вода“ – вм сестра Надица Нешковски.

-“Кулатурна интеркомуникација на медицинските сестри“ – вм сестра Билјана Марковска.Презентирајќи ги новините во лапароскопската хирургија и породувањето во вода, уште еднаш се докажа дека сме единствени во државата во однос на овие две проблематики. Присутните медицински сестри беа воодушевени од презентираното и на неколку пати ги прекинуваа со аплауз нашите презентери. Грижата за нашите пациенти и нивното задоволство секогаш до надоградуваме со новитети во дејноста, која со љубов ја работат сите вработени во нашата болница, велат од болницата “Плодност“.Болница “Плодност“ доби сертификат за својот придонес во одржувањето на конгресот, на кој имаше присутни од целиот Балкан.Покрај презентацијата, поздравен говор имаше и прим. Д-р Таше Трпчевски, кој истакна дека модерното сестринство фаворизира едукација, а успехот во работата и максималната професионалност е гарантирана само со постојана и трајна едукација.