Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ: да ги остраниме грешките заради кои не остваривме уште подобар резултат против Кил и ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер од Битола денес во Загреб, Харватска, е каде во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите. Тренерот Александар Јовиќ, пред патувањето во Битола рече дека екипата полека но сигурно расте, но за да се направи нешто повеќе треба да се намалат грешките кои како што вели тој се плод на неискуство.

-Во седум дена нè очекуваат три тешки натпревари, од кои два во Лигата на шампионите. Првиот е денес Загреб в четврток. Екипата на Загреб е во нагорна линија, го совладаа Колштад и ремизираа со Алборг. Но, од дрига страна и ние против Кил и ПСЖ покажавме дека напредуваме. Ќе се обидеме да ги остраниме грешките кои ги направивме и заради кои не остваривме уште подобар резултат. Тие грешки ни се случуваа заради неискуство, вели Јовиќ и додава:

-Загреб и во минатите сезони менуваше по 3-4 тренери во сезона и не гледам причина дека и оваа смена ќе ги поремети. Тие се добар тим, добар склоп на млади и искусни играчи. Но следи тежок натпревар и се надевам дека ќе одиграме на наше ниво. Растеме како екипа, но за нешто повеќе треба да не ги правиме тие грешки кои се плод на неискуство. Немаме многу искусни ракометари кои играле во Лигата на шампионите, па со тек на време моите момци ќе добијат самодоверба и во клучните моменти ќе одговорат како што треба. Со Загреб ќе бркаме прва победа во Лигата на шампионите, па ни следат Вардар и Киелце, па сигурен сум дека во сите три натпревари ќе дадеме максимум.

Средбата против Загреб е закажана за денес, четврток, во 18,45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »