Press "Enter" to skip to content

Концерт на Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов за нивната 50 годишен јубилеј на музичката сцена (фото)

На 26 октомври во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи концерт на на Билјана Дамјановска – Јанчевска и Сефедин Бајрамов, а по тој повод во “Премиер центар“ се одржа средба со новинарите, на која покрај изведувачите присуствуваше Маја Андоновска – Илиевски, директор на Центарот.Маја Андоновска – Илиевски за концертот рече дека е дел од прославата на роденденот на Центарот за култура, кој го “чувале“ како подарок за битолчани.-Настанот симболично го најавував зошто сакав главните актери кои се денес со нас, Билјана и Сефко, тоа сами да го направат. Станува збор за прекрасен настан за кој Центарот за култура широко го отвора вратите за двата еминентни естрадни уметници од нашиот град, кои имаат зад себе импозантен уметнички опус и оставиле голем печат за македонската музичка сцена. Нивното дело говори  многу повече од било што јас да кажам. Сите нас во Центарот за култура не радува што нашиот 43 риденден го поврзуваме со друг голем јубиле, 50 годишно творење и оставање на траен белег на македонската музичка сцена на Билјана е Сефедин. Нивниот уметнички опус е постар од нашата зграда во која ќе се случува концертот.

Сефедин Бајрамов се заблагодари на сите за досегашната поддршка во организација на овој концерт значаен за нив двајцата. -Другарувањето до Билјана Дамјановска датира од многу одамна, а денес можам со право да кажам дека сме куќни пријатели, базирано на приватно и професионално дружење и соработка. Ќе цитирам изјава на Тимчо Апостолов, за тогашен “Екран“ најчитаната ревија, дека Скопскиот фестивал во 1979 година е значан по тоа што се појавија неколку нови пејачки имиња кои ги предводат Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов. За наша среќа тоа оди во нагорна линија за да додјеме до ова што го имаме денес, концерт кој кај нас и по толку време поминато на естрадата причинува возбуда, посебно што се случува во нашиот град, каде одиме по улици, пиеме кафе, се дружиме со битолчани.Билјана Дамјановска – Јанчевска за престојниот концерт рече:

-Неколку години со Сефко разговараме, се подготвуваме за овој концерт, но ете сега собравме сили и се одлучивме да се случи. Секако со голема помош на Општина Битола, Центарот за култура, посебно на дитекторката, “Графопром“, болница “Плодност“ и хотелите “Премиер“ и “Премиер Центар“. Медиумски поктовител е Македонската телевизија на наше барање препознаа дека ние сме нивните чеда, нивните деца. Имено нашите први студиски телевизиски снимки беа во тогашната телевизија Скопје, во студијата на старата телевизија во Нерези, а потоа преминавме во новата зграда на МТВ и додаде:Издвоиме седумнаест песни, а дуетотот се вика “Родителска љубив“, и со таа песна сакавме некако да се оддолжиме на моите и на родителите на Сефко, кои не се меѓу нас, кои некаде “горе“ ќе се слушнат како пееме. Наши пријатели познаници низ Битола ќе ни речеа што чекате, направете некој дует, концерт, и ете тоа се случи, она што го бараат битолчани се случи. Ќе бидеме заедно на сцена, а се надеваме дека нашата заедничка публика и останатите ќе уживаат во концертот, за која и јас чуствувам голема возбуда и трема и се надевам дека во четврток ќе биде најубаво да се биди во Центарот за култура. 

За тоа каков ќе биде репертоарот на концертот Сефедин Бајрамов рече:-На концертот ќе бидат застапени мал број на композиции со оглед на нашиот голем репертоар, но заради концептот на концептот ќе испеме по осум песни и една заедничка. Песните се поставени хронолошки по наш избор, од почетоците – дебито на Скопскиот фестивал, за мене до последната “Серенада“.-Концертот ќе биде поддржан од Камерниот оркестар, а јас само ќе додадам онака како што ги почитуваме сите странски уметници, ќе ги испочитуваме и нашите битолски уметници и ќе ја наполниме Големата сала до последно столче, но ако интерес, а ќе има, ќе организираме и нов концерт. Најважно е да си ги зачуваме нашите домашни, градски уметници, а вакви иницијативи секогаш ќе поддржуваме, посебно во роденденскиот центар за култура, додаде Маја Андоновска – Илиевски, која нагласи дека за концертот на располагање се сите ресурси на Центарот за култура во однос на техничка поддршка.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »