Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони во Загреб

Загреб – Еурофарм Пелистер 27:18 (10:10)

Загреб: Грбавац, Мандиќ 11 обрана; Кос 5, Чавар, Валцзак 2, Фалјиќ 1, Кларица 3, Гојун 1, Срна, Сиротиќ 2, Чупиќ 2, Дибиров 3, Кавчиќ 5, Главаш 1, Моралес 1, Сухолежник 1.

Еурофарм Пелистер: Лесјак 6 обрана, Гедбане; Цехте 1, Кузмановски, Тајник 2, Кисум, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 2, Костески 1, Петровиќ 1, Атанасеивиќ 1, Ѓорговски 1, Василев 2, Пешевски 2, Сери 2.

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа уште еден пораз во Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето во Загреб, Хрватска, од истоимениот тим со резултат 27:18, полувреме 10.10. “Пелистерци“ натпреварот го завршија со двајца исклучени играчи, а на почетокот на вториот дел Костески и Петровиќ добија црвени картони.

Дуелот во арена “Загреб“ започна со само пет гола во првите десет минути. Прво беше 2:0 за Загреб, а потоа 2:2, а по дури шест минути игра беше 3:2. Потоа повторно беше реми, 5:5,  а “пелистерци“ поведоа во 22. минута за 5:6. До крајот на полувремето се водеше голема битка, која заврши 10:10.

Вториот дел започна со многу грешки на двете страни, а во 35. беше исклучен Костески кој несакајќи го удри Дибиров во пределот на главата. Дибиров се покажа погубен и за Петровиќ кој доби црвен картон.   Двете исклучувања како да го пореметија ритамот во редовите на пелистерци, а Загреб искусно го искористи сето тоа за крај да слави победа од 28:17.

Најефикасен во тимот на Еуерофарм Пелистер беше Борзаш со три гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »