Press "Enter" to skip to content

Промовирано реконструираното Пацио во Завод и музеј Битола (фотогалерија)

-Во овој простор во Битола во Завод и музеј, за прв пат е поместен и лапидариум кој всушност претставува уште еден нов, изложбен простор, во кој посетителите за прв пат ќе може да видат дел од мермерните споменици и надгробни стели кои досега се наоѓале во музејските депоа.Вечерва во Завод и Музеј – Битола свечено се одбележа завршувањето на реконструкцијата на Пациото во рамките на “Smart4You2“ проектот со што овој музејски простор се стави на располагање на битолчани и посетителите на Битола.На одбележувањето присуствуваше Евроамбасадорот Дејвид Гир, министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски, претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска, Ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, дел од почесните конзули, генералниот конзул на Република Грција во Битола, Александрос Видоурис, шефот на Делегација на ЕУ во Македонија…На присутните им се обрати, во име на домаќинот, директорката на Завод и Музеј – Битола, Мери Стојановска која рече:-Културата е бескрајна нишка која се провлекува од минатото и не поврзува со иднината, создавајќи еден непрекинат низ од настани, случувања, знаења. Ние како културни институции сме значаен дел од таа нишка, која треба да го пронајде вистинскиот пат на поврзување на минатото со сегашноста, па и со иднината. Ова што ден имаме можност да го претставиме е всушност наше патешествие, реализација на еден сон, сон кој го сонувале многу мои колеги, наши сограѓани,  а тое е да го видиме пациото во ново руво, реконструирано, средено, соодветно осветлено. Пацио во кое повторно успеваме, преку поставениот лапидариум да ги поврземе нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина. “Smart4You2“ проектот кој е кофинансиран од страна на ЕУ и националните фондови е токму проектот кој ни го овозможи сево ова, првата голема инфратруктурна актовност, а ќе следат и зафати во делот на ентериерот и постојаната музејска поставка.Министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање рече:-Несомнено е дека епитетите за конзулска Битола со векови го отсликуваат богатото културно наследство кое ни го подарила историја како темел на културниот и националниот идентитет. Ми претставува особена чест што денеска токму во овој репрезентативен архитектонски објект, познат како стара касарна, уште еднаш се потврдува културното партнерство со Европската Унија преку соработката за унапредување преку заштитените културни добра. Пред битолчани можам со гордост да истакнам дека Министерството за култура и Заводот и музеј со грант од УПА програмата ја спроведоа реконтрукцијата на Пациото во рамките на “Smart4You2“ проектот како дел од прекуграничната соработка.  Сакам и лично да му заблагодарам на Евроамбасадорот Дејвид Гир за неговите залагања во полн сјај да се разубави овој извонреден значаен културен објект.

Во изминатиот период институцијата изврши инфраструктурни зафати во овој дел од објектот каде што се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки, но и пристапни рампи за лица со попреченост. Просторот сега е претворен во лапидариум каде што се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно осветлување кои досега не биле презентирани пред јавноста, како и споменици од различни временски периоди откриени на Хераклеја и на други наоѓалишта.Евроамбасадорот Дејвид Гир своето обраќање го започна на македонски јазик при што рече:-Почитувани домаќини, драги пријатели од Пустец, почитувани колеги, дами и господа се радувам што сум со вас во овој уникатен простор особено за тоа што организацијата која ја претставувам помогна во зачувувањето на неговата убавина за да може да служи за уште многу музички настапи, поетски читања и други уметнички настани. Ние сме горди за реконтрукцијата на пациото кое се наоѓа на Музејот како дел од проектот “Smart4You2“. Не само ова пацио и не само овој објект беа помогнати објекти кои се дел од културното наследство, како Офицерски дом, Магазата… и многу објекти кои се жив сведок на културното наследство. Културатата не е само дел на иновативните проекти туку  дел осд културата на вашиот град, и е можност за економски просперитет и креирање на нови работни места. Се надеваме дека овој убав дел дод Музејот, Пациото, ќе биде дел како од рутата на сите туристи кои доаѓаат во Битола, не само од ЕУ туку и од други делови од светот. Ова се надеваме дека ќе ја направи Битола поубаво место.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во своето обраќање пред присутните рече:Не можам да не се потсетам дека точно пред две години, кога на ова место, Пациото во битолскиот музеј, во еден подруг амбиент бев дел од дебатата насловена “Битола Вело – град во еден мандат“, каде сите учесници од сите политички партии и независни групи се обврзавме дека Битола во периодот од 2021 до 2025 конечно ќе добие вело патеки. Токму преку овој проект насловен Smart4you2 e предвидено нашиот град да добие велосипедски патеки во должина од 5,3 километри на булеварите “Васко Карангелевски“ и “Партизанска“. Ова секако ќе се случи доколку се надминат политичките интереси и политичарите го слушнат гласот на граѓаните, на битолчани, за што очекувам широка поддршка од сите фактори кои се залагаат за промовирање на европските вредности на Република Македонија и продолжи:-Чувајќи ја историјата, наша обврска е да создаваме за иднината. Проектот Smart4you2 е уште една потврда за нашата посветеност, но и добрата соработка која ја има воспоставено Битола со Делегацијата на Европската унија, што претставува голема можност, за напредок и развој на градот. Реконструкцијата на Пациото во НУ Завод и музеј, претставува посебна активност на проектот, која дава светлина на заедничките заложби да го вратиме културниот сјај на Битола и се она што било подзаборавено или подложно на ударите на времото, да се обнови, да се стави во функција и достојно да го претстави нашиот град во светски рамки. А оваа реконструкција немаше да биде возможна, доколку не беше поддршката и вклученоста на Општина Битола, како водечки партнер во овој проект, за што очекував благодарност од страна на министерката за култура и особено од директорката на Музејот.Инаку, “Smart4You2“ проектот има главна цел на проектот е да ги развие туристичките потенцијали на прекуграничниот регион преку промоција на културното наследство и вредностите кои регионот ги поседува. Во согласност со своите тематски приоритети како и во согласност со постоечкото партнерство, овој проект претставува своевидно продолжение и надградба на културните и воедно туристички капацитети на прекуграничниот регион, но и надградба на партнерството во претходно реализираниот SMART-CUL-TOUR проект. На овој начин всуштост се врши капитализација на постигнатите резултати, унапредување на
институционалните капацитети, но и подигнување на квалитетот и збогатување на содржините на туристичката понуда во предметните општини, и воопшто во регионот.Во реализацијата на проектот Smart4You2 се вклучени вкупно пет партнери од двете соседни земјии тоа: Општина Битола – водечки партнер, Општина Пустец, НУ “Завод и музеј“ – Битола, Регионален директорат за културно наследство – Корча и  Младински културен центар Битола – Партнер, Република Северна Македонија.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »