Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 71 санкции за сообраќајни прекршоци и 31 санкции за прекршоци што ги прават пешаците 

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (18.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 71 возачи, меѓу кои 16 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за непрописно паркирање. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во текот на вчерашниот  (18.10.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 31 прекршоци, од кои, 26 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премини. За време на контролата санкционирани се и 10 други видови на прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, а возачите да ги почитуваат своите обврски кон пешаците. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

More from ВестиMore posts in Вести »