Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Битола – Сашко Павловски оствари средба со градоначалникот на Корча, Албанија, Сотирак Фило, на која беше разговано за ученици од овој град да бидат дел од Ноќната трка во Битола, која традиционално се одржувана на 3. ноември, ден пред Денот на ослободувањето на Битола.-Имавме средба со градоначалникот на Корча, Сотирак Фило, кој морам да кажам дека е шахист и начелно се договоривме ученици од овој град да учествуваат на традицоналната ноќна трка, која Сојузот на спортови годинава ќе ја организира по јубилеен, 65 пат. Градоначалникот, Сотирак Фило, ја прифати нашата идеја, а по завршувањето на локалните избори во Лерин, Грција, ќе поканиме и ученици од таму да бидет дел од Ноќната трка, вели Сашко Павловски, претседател на Сојузот на спортови на Битола.

Сојузот на спортови од Битола кај градоначалникот на Корча, покана ученици од Корча да трчаат на ноќната трка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале
- Антоан: со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката во Скопје
- Павле Петровиќ го нашушта Еурофарм Пелистер, продолжува во Линц, Австрија
- Кадетите на Еурофарм Пелистер во завршницата за титула шампион на Македонија (фотогалерија)