Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Битола – Сашко Павловски оствари средба со градоначалникот на Корча, Албанија, Сотирак Фило, на која беше разговано за ученици од овој град да бидат дел од Ноќната трка во Битола, која традиционално се одржувана на 3. ноември, ден пред Денот на ослободувањето на Битола.-Имавме средба со градоначалникот на Корча, Сотирак Фило, кој морам да кажам дека е шахист и начелно се договоривме ученици од овој град да учествуваат на традицоналната ноќна трка, која Сојузот на спортови годинава ќе ја организира по јубилеен, 65 пат. Градоначалникот, Сотирак Фило, ја прифати нашата идеја, а по завршувањето на локалните избори во Лерин, Грција, ќе поканиме и ученици од таму да бидет дел од Ноќната трка, вели Сашко Павловски, претседател на Сојузот на спортови на Битола.

Сојузот на спортови од Битола кај градоначалникот на Корча, покана ученици од Корча да трчаат на ноќната трка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола
- Градоначалникот Коњановски на панел дискусија во Брисел
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Рутинска побена на Еурофарм Пелистер против Бутел во Скопје
- По тежок терен за игра Пелистер убедливо го победи Башкими во Битола
- Нова победа на Пелистер Волеј во Битола за зацвртување на првото место (фотогалерија)
- Вардар немоќен во Битола, кошаркарите на Пелистер постигнаа 116 поени, а можеа и повеќе (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер се жали во ЕХФ за судењето со ПИК Сегед во Битола!