Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола објави оглас за најдобри научни достигнувања во учебната 2022/23

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола објави Оглас за наградување на најдобри научни достигнувања во учебната 2022/23 и тоа во следниве три категории:

1.Најдобар научник во академската 2022/23

2. Најплоден научник во академската 2022/23

3. Најактивен научник во академската 2022/23

Право на учество имаат сите вработени на УКЛО и афилирани кон УКЛО (насловни наставници, стручњаци од практиката, членови на УКЛО мрежата и сл.). Едно лице може да се пријави во една или повеќе категории.

Пријавите се поднесуваат  заклучно со 31.10.2023,а признанијата ќе бидат доделени на свеченост по повод Меѓународниот ден на науката во форма на пофалници за сите кои ќе се пријават на огласот, плакети и парични награди за најдобрите три рангирани научници во трите категории.

Kритериумите за рангирање и формуларот за пријавување во Огласот за наградување на најдобри научни достигнувања во учебната 2022/23 објавен е на веб страницата на УКЛО: https://uklo.edu.mk/blog/oglas-za-dodeluvanje-nagradi-za-najdobri-naucnici/

More from ВестиMore posts in Вести »