Press "Enter" to skip to content

Дерби со Вардар во Битола ќе има, Еурофарм Пелистер не прифаќа одложување

Еурофарм Пелистер од Битола преку соопштение се изјасни на барањето на Вардар 1961 за одложување на дербито во Битола. Вардар побара одлагање на неделниот натпревар  поради вироза на повеќе од 15 членови на екипата и тој да се игра во нов термин.

Еурофарм Пелистер не го прифаќа барањето на Вардар и со соопштението се вели:

-Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.

Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.

Спортски поздрав, РК Еурофарм Пелистер.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 е закажан во недела со почеток од 18:00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »