Press "Enter" to skip to content

За две недели завршува изградбата на цевководот до Дулеи и започнува изградба на мрежата за топлификација низ Битола

Директорот на ЕСМ Топлификација Битола, Горан Козаров, денеска на прес-конференција која се одржа на локацијата кај манастирот “Св. Богородика“ на Црна Река, каде се гради најголемиот и најкомплексен објект, од овој проект, пред новинарите информираше за досегашниот тек на изградбата на цевководот од РЕК Битола до градот и за тоа во каков временски рок и по која траса ќе минува низ Битола. 

За досегашниот тек на работите Козаров рече:

-Привршува првиот дел од првиот лот за изградба на  топлификацијата за градот Битола, Могила и Новаци, и тоа со звршувањето на оваа шахта која се наоѓа позади нас и еден од најкомплексните делови на изведбата на овој дел од цевководот. Првиот дел на првиот лот и мрежата која почнува од РЕК Битола до градот во должина од 12,8 км ќе биде завршена во рок од три недели.За тоа како ќе се одвива изградбата и кога ќе започне изградбата на топловодната мрежа низ градот Козаров продолжи:

-Дозволата за влез во градот Битола е добиена и дека за многу бргу ќе влезиме со изградба на цевоводната мрежа за топлификација во градот Битола. Според нашите планови е за две недели да влезиме во градот Битола, бидејќи се работи за завршување на овој дел, а потоа веднаш започнуваме. Дозволата е добиена, завршува рокот за жалба, а со тоа сите услови се исполнети. Ќе ја информираме Општина Битола и сите институции, и како што треба почитувајќи ги сите прописи ќе започнеме со изградба на цевководот.-Кога сме кај градот ќе кажам дека се влегува во обиколницата кај Дулието, под пругата, каде завршува моменталната мрежа и од таму продолжуваме под пруугата и влегуваме на обиколница кај Дулието. Потоа го шириме, паралелно, двата крака. Еден кон Кланица и Карпош, Руска црква и по “Партизанска“ нагоре. Вториот продолжува по “Иван Мулутоновиќ“ 

Во врска со роковите за изградба Козаров додаде:

-Кога се работи за изградба на вакви големи работи можеме само да дадеме рокови кои се само на хартија. Кога ќе влеземе во изградба на мрежата ќе можеме да дадеме поточни информации за динамиката на работа, зведувачот и ние како инвеститори ЕСМ. Рокот е да се заврши 18 месеци да се заврши од влез во градот до крајна изведан до 35 потрошувачи во градот Битола, а потоа таргет се осумте топланите кои беа приклучени на топлификација кои опслужуваа до 3.000 станови во Битола. Со новиот систем ќе бидат опслужени повеќе станови. 

More from ВестиMore posts in Вести »