Press "Enter" to skip to content

Одржан Ден на безбедноста и здравјето при работа во компанијата „Винербергер“

Под мотото „Никогаш не ги заобиколувај правилата и процедурите за безбедно вршење на работните задачи“ компанијата „Винербергер“ организираше Ден посветен на безбедноста и здравјето при работа за своите вработени.

На 18 октомври, во фабриката на „Винербергер“, по вторпат беше одржан Денот на безбедноста и здравјето при работа. Целта на настанот беше преку презентации, игри и забава да се подигне свеста на вработените дека безбедноста и здравјето при работа се и мора да останат на прво место.  Сите вработени во компанијата, учествуваа во разни сегменти од програмата.

Настанот започна со вежбата за евакуација при симулиран пожар и реакција од страна на противпожарната единица во Виница, а продолжи со презентации за безбедноста и здравјето при работа, ракувањето со машини, санација на повреди и укажување на прва помош. Интересен дел беше уредот за симулација на алкохолизирана состојба, преку кој секој од вработените можеше да тестира како се губи контрола при употреба на алкохол и да се извлече соодветна поука.Вработените се најголемиот капитал во нашата компанија и затоа „Винербергер“ постојано инвестира во нив и се грижи за нивната безбедност и здравје при работата. Таа грижа трае 365 дена во годината, а овој ден е уште една, видлива потврда за тоа. Сакајќи да ја подигнеме свеста на повисоко ниво во однос на оваа тема, на настанот ги поттикнавме сите вработени да размислуваат за БЗР и постојано да даваат сугестии за подобрување на условите за работа, со цел да се избегнат постоечки опасности и ризици, вели Искра Спасовска, Директор на Производство и Член на Одбор на директори.На настанот беа споделени и визијата и вредностите на компанијата на групациско ниво, како четири главни столба на стабилноста на „Винербергер“: доверба, почит, страст и креативност. Преку игри во тимови за секоја од вредностите, вработените имаа можност низ забава да применат некоја од овие вредности и тимски да се поврзат едни со други.

Компанијата продолжува со својата визија да се грижи за подобро утре и посветено да нуди иновативни градежни решенија.

Погледнете го видеото од настанот: https://youtu.be/KKHtl-CqwdM