Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пријавени два напади, од брат и поранешен сопруг, пронајдени две гранати во Лера

На 20.10.2023 во 09.50 часот лице од Битола пријавило дека околу 07.30 часот во Битола, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот брат на возраст од 26 година. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 20.10.2023 во 23.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 39 годишник од Битола, поради тоа што околу 21.00 часот физички ја нападнал неговата 41-годишна поранешна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 19.10.2023 во СВР Битола било пријавено дека во с.Лера, битолско, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно подигнал две неексплодирани артилериски гранати со калибар 105 мм. од Првата светска војна, кои претходно биле пронајдени во близина на црквата во селото.

More from ВестиMore posts in Вести »