Press "Enter" to skip to content

Како јагодите прават револуција во убавината (фотогалерија)

-“STRB & STRAWBAR“ презентација во “BODY M“ – добредојдовте во новата ера на убавина.Минатиот петок, BODY M беше центар на иновациите за убавина, но овој пат на еден сосем поинаков начин. Поканетите гости се запознаа со светот на природната козметика STRB која е базирана на врвна наука и она што го дава природата, а во центар се наоѓаат јагодите.Презентацијата беше иницирана од една позната компанија во светот на иновациите WELLMEDIS group која има свои истражувачки центри ширум светот, а позади неа стои Д-р Јанис Папасотириу, научник кој покрај неговата експертиза на полето на онкологијата, ја редефинира индустријата за здравје и велнес. Со визија, не само да се создаваат производи, туку и да се редефинира индустријата за убавина, д-р Јанис Папасотириу помогна STRB да биде светилник на иновациите.STRB не е уште еден козметички бренд. Тој лежи на основните принципи на модерната наука. Кога повеќето размислуваат за нега на кожата, тие замислуваат креми, но STRB нурнува подлабоко. Со стручноста на фармацевтите, молекуларните биолози и хемичарите овој бренд, врз база на ДНК анализа, прави персонализирани продукти за сите свои клиенти, особено оние кои веруваат во прогресивната наука, а STRB се производи кои се доказ за моќта на принципите на модерната наука во комбинација со уметноста на убавината. Зад оваа револуционерна иновација, ги имаме визионерските умови во WELMEDIS, кои постојано ги поместуваат границите на она што е можно. Тимот на STRB ја започна својата промоција во Македонија, токму од Битола. А гостите имаа шанса да фрлат поглед врз иднината, гледајќи го спојот на науката и естетиката.Додека ја презентираше STRB својата посветеност кон извонредност, фокус беше ставен и на срцето на нивните состојки, а тоа се јагодите. Овие мали чуда, богати со хранливи материи и антиоксиданси, се одгледуваат со најголема грижа во нашето соседство, во Грција. Тоа е и земјата на семејното потекло на д-р Папасотириу, иако тој е роден и живее на релација Германија-Швајцарија. Но, почитта кон предците и она што го раѓа почвата на која тие живееле, него го инспирара да оди чекор понапред.

Па така, чудото не застанува тука! Преостанатата пулпа при обработката на јагодите, наоѓаат втор живот во палетата на креми и пилинг за кожа на STRB, што е пример за посветеноста на брендот за одржливост и нула отпад. Навистина, ништо не се фрла од овие посебни плодови!И тоа не е сѐ…од овие јагоди, оваа голема компанија развива посебен оддел кој прави двоен дестилат – eau de vie со врвен квалитет под брендот STRAWBAR кој добива престижни награди во Њујорк и Сан Франциско.Таа вечер во БОДИ М, помеѓу голтките алкохол дестилирани токму од овие јагоди кои со убава храна ги сервираше битолската Јагода… го прославивме брендот кој не само што се залага за убавина, туку и за одржливост и иновативност. Тоа беше вечер што ја долови суштината на STRB, повторувајќи ја визијата на нејзиниот основач, да се раѓаат производи кои вистински ги исполнуваат нивните ветувања кон поубав свет и поздрава околина.