Press "Enter" to skip to content

Конзули Ветерани од Битола победници на меѓународниот турнир во Пловдив, Бугарија (фото)

Фудбалската екипа на Кунзули Ветарани од Битола е победик на меѓународниот фудбалски турнир кој се одигра во Пловдив, Бугарија.Конзули Ветерани во финалето на турнирот играа против екипата на домаќинот, Морски Згоров и победија со 1:0, а победничкиот гол го постигна Саша Крстиќ.Инаку, екипите беа поделени во две групи, а се играше по систем “секој со секој“ во група, а победниците од двете групи граа во финале, кое се одигра попладнево. Покрај екипата на Конзули Ветарани, единствена екипа од Македонија, учествуваа две екипи од Бугарија, две од Грција две од Турција и една екипа од Србија.

За најдобар фудбалер на турнирот е прогласен Сашо Ристевски – Тигана од екипата на Конзули Ветарани, кој од домаќинот доби пехар за сеќавање.-Ова е продолжение на едно пријателство кое ние како клуб го негуваме повеќе години. Прво започнавме со мал број екипи, но како времето помунуваше се приклучуваа и други екипи. Минатата година ние како аматерски клуб бевме домаќини во Битола и се покажавме како одлични домаќини. Оваа година продолживме со турнирот во Пловдив и со тоа ја продолживме оваа традиција на спортување и дружење, ни рече по “вибер“ комуникација, Сашо Шамбевски, дел од екипата. 

More from ВестиMore posts in Вести »