Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер со нова победа, овој пат во Кавадарци, против Еуро Никел

Еуро Никел – Пелистер 60:66

Екипата на Пелистер од Битола вечерва ја забележа втората победа по ред во Првата кошаркарска лига, ја победи екипата на Еуро Никел во Кавадарци со резултат 60:66. 

Првата четвртина започна со 0:3 за Пелистер, а водството битолчани го задржаа во текот на целиот натпревар. Потоа беше 2:10, 4:11, за на две минути до крајот на првата четртина биде +1 за Пелистер, 8:18. По 10 минути игра беше 13:20. Во втората четвртина беше по четири минути игра беше поврорно +10 (15:25), а на минута до одморот Еуро Никел намали на 28:31. На одмор се отиде со само +2 за Пелистер 31:33.Во третата четвртина екипата на Еуро Никел за прв пат дојде до предност, 37:36 во 4. минута, а потоа и 40:38. Потоа битолчани го презедоа водството и во последната четвртина екипата на Пелистер влезе со +5 (45:50). Последната четвртина започа со рамноправна игра, но водството на “пелистерци“ остана на околу 5-6 поени разлика. Потоа следуваа минути на Пелистер и по шест минути игра имаа +11 поени, 49:60. До крајот на натреварот домашните играчи тргнаа на „се или ништо“, но Пелистер рутински играше и дојде до победата, втора по ред, по “битолската“ против МЗТ.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Малколм Бернард со 17 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »