Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Ева, Изабела и Тамара поддршка за младиот тим на Пелистер Волеј од Битола

Трите поранешни одбојкарки на Пелистер Волеј од Битола, Ева Трпеновска, Изабела Димовска и Тамара Жабјанска, кои додека настапуваа беа и капитени на клубот, денес беа во спортската сала на Медицинското училиште во Битола, каде екипата на Пелистер Волеј ја започна сезонота, со јасна амбиција да се врати во Првата државна лига.

-Овие три наши одбојкарки, кои беа дел од првиот тим на Пелистер Волеј при формирањето, се дел од темелот на нашиот клуб и кои со сигурност можеме да кажеме дека се дел историјата на нашиот клуб. Посебно поради тоа што биле само одбојкарки туку и лидери на тимот за кој настапувале. Затоа не радува што денес се тука на првиот натревар на Пелистер Волеј, кога “едни други“ девојки, настапуваат за “зелено-белиот“ дрес во битка за враќање на тимот во најквалитетното одбојкарско друштво, и продолжување на спортскиот пат кој Ева, Изабела и Тамата, заедно со нивните соограчки од тоа време, го започнаа.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »