Press "Enter" to skip to content

Приведени крадци во Битола, го признале делото, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (22.10.2023) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 31 и 30 години од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот.

Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава. 

More from ВестиMore posts in Вести »