Press "Enter" to skip to content

Борците на кикбокс клуб Самурај од Битола освоија пет медали на “WAKO BALKAN OPEN“ (фото)

Викендов во Тешањ, Босна и Херцеговина се одржа 17. Интернационален куп “WAKO BALKAN OPEN“ каде настапија  400 натпреварувачи од 15 земји.  На овој меѓународен натпревар свои натпреварувачи имае и кикбокс клуб Самурај од Битола освои еден златен, два сребрени и две бронзени медали. 

Леа Бошевска која што зеде учество во две дисциплини освои златен медел најпрво во лајт контакт и веднаш потоа во дисциплината киклајт иако беше надмоќна судиската одлука и пресуди да се здобие со сребрен медал.Бронзен медал се закити дебитантката Тамара Божиновска во дисциплина киклајт и категорија помлади кадетки +47 kg. Сара Стојаноска во категорија постар кадет -55 kg го освои третото место и само за неколку поени ја делеа од пласман во финалето. Дамјана Пеовска загуби во финалниот меч со што се здоби со сребрен медал.

Тренерите на Кикбокс Клубот Самурај Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска ни изјавија дека се презадоволни од настапот на сите 6 шест натпреварувачи бидејќи покажаа борбеност и голема пожртвуваност на борилиштата што беше резултат на припремите кои што ги имаа во изминатите месеци.

И на овај натпревар повторно правдата ја делеше Гордана Цветковска Бошевска како признат меѓународен судија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »