Press "Enter" to skip to content

Пелистер со ново засилување, Хрватот Јуре Планиниќ доаѓа во Битола

Само по една седмица од промовирањето на двете нови засилувања во тимот на кошаркарите на Пелистер, во Битола пристига и ново, трето засилување. Се работи за хрватскиот кошаркар Јуре Планиниќ, кој ќе биде од тимот на Пелистер во продолжението на сезоната.

Се работи за 23 горишен кошаркар, кој ќе игра на позиција на крило, роден во 2000 година и доаѓа од БиХ каде играше за Босна Меридианбет од Сараево и за која на три натпревари имаше просек од 14,7 поени и 8,3 скока по натпревар. Има настапувано и за Цедевита Јуниор, Задар и Широки Приморка.

Хрватот има искуство во македонскиот шампионат затоа што тука го носеше дресот на Еуро Никел во чии редови имаше завидни бројки од 17,5 поени, 8,6 скока и 1,8 асистенции по натпревар.

More from ВестиMore posts in Вести »