Press "Enter" to skip to content

Промовирана драмата во стих “Фитилиот догорува“ на Зоран Пејковски (фотогалерија)

Како дел од програмски активности по повод националниот празник 23. Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, синоќа во “Кино Манаки“ во Битола се одржа промоцијата  на книгата “Фитилот догорува“ на Зоран Пејковски, писател од Битола.На промоцијата беа присутни градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, Митрополитот Петар, пратеничката во Собранието – Олга Лозановска, советници од Советот на Општина Битола…За драмата во стих “Фитилиот догорува“, драма во стих во 6 сцени со пролог и епилог, која е посветена на 130-годишнината од формирањето на ВМРО, 120-годишнината од Смилевскиот конгрес и 120-годишнината од Илинденското востание, зборуваа рецензентите Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиски и Новозелански Петар и м-р Владимир Илиевски.Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиски и Новозелански Петар на промоцијата рече:-Оваа свеченост е од големо значење за нас, за напиот род  Македонски, за она што значи држава Македонија, која според меморијата на нашиот македонски народ дека не потекнува од 8 септември 1991 година, не потекнува од вториот Илинден, не потекнува ни од првиот Илинден 1903 гидина, туку нејзините корени се длабоки, а нејзиното име, како што вели Блаже Коневски е големо и ќе сакаат да ни го земат. Македонија е поделена на повеќе делови и ќе кажам дека Македонија во денешни време се граничи само со себе. Токму заради тоа сакам да поразговараме и да се сетиме за она што се случили, поседно поврзано до овој денешен празник, 23 Октомври 1983 година, кога е формирана ВМРО, која во својата историја имала различни имиња… како и за значајни имиња. Покрај сите обиди на нашите соседи да биде уништена, посебно со мировниот договор во Букурешт во 1913 година, но ние и сега на мало парче опстојуваме како држава, се друго име, кое не сакам ни да го споменам и додаде:-Со оваа книга и со многу други ќе останат документи дека во ова сегашно време не се сите предавници и дека сите не заборавиле на дејците и основачите на ВМРО туку напротив и тие даваат удел и на својата генерација им даваат пример како да се пробуди свеста на Македонците дека Македонскиот народ е поделен. Поделен е по повеќе основи, ни најголем дел по прашањето на националнио идентитет на Македонците. Затоа Пејковски со својата книга нам ни праќа порака дека ние треба да расмислуваме за она ни го оставиле нам, во аменет нашите предци кои што ја создале првата Република на Балканот, а тоа е Крушевската Република, со цел да се ослободат од Отоманската империја.-Историскиот настан на формирањето на ВМРО од 23-ти октомври 1893 година, во градот Солун, во книжарницата на Иван Хаџи Николов и одржувањето на Смилевскиот конгрес се претставени во уметничка рамка во прологот и првите две сцени од драмскиот текст. Во понатамошните сцени авторот уметнички ги обработува историските настани од активностите на Горскиот штаб на Крушевската република за подготовка и кревање на востанието во Крушево, ќе додаде Митрополитот Петар.Македонскиот писател Владимир Илиевски за драмата во стих „Фитилот догорува“  рече:-Ако историчарот им пристапува на настаните и на историските личности со цел на ги разоткрие последиците и нивното персонално влијание во тие последици, книжевниот творец својот интерес го наоѓа во меѓупросторот на историските точки, односно во она што не е во интересната сфера на историчарот, а тоа се емоциите, чувствата, личните размисли, вербата, стравот, решеноста, оптимизмот и песимизмот на поединецот. Односно, ако поинаку погледнеме, историчарот го интересира „големата“, објективна слика на светот, а книжевникот е привлечен од бројните „мали“ субјективни слики, кои заедно создаваат една покомплексна и со информации понабиена слика.Дел од стиховите во драмата беа интерпретирани синоќа од страна на четворицата актери Васко Мавровски, Јулијана Мирчевска, Рубенс Муратовски и Роберт Велјановски.На промоцијата настапи и хорот „АВА“ од школата “Коруновска“ под диригентво на Мими Марковски. Забележителен настап имаа и тапанџиите на КУД “Гоце Делчев“ од Битола, под водство на Бранко Жежовски.

С. Ристески

More from КултураMore posts in Култура »