Press "Enter" to skip to content

Сирени за тревога, екипи за брза помош и пожарна, спасување повредени…, учениците и професорите од Горната гимназија вежбаа евакуација за време на пожар и земјотрес (фотогалерија)

Се започна со сирените за тревога, кои се активираа по “пожарот“ во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола по што беше јавено за пожарот во противпожарната единица во Битола, кои дојдоа на самото место по неколку минути, а во меѓувреме започна евакуацијата на учениците од училниците.Сето ова беше најавата за  симулациона показна вежба за пожар и земјотрес, за учениците кои беа во претпадневната смена, прва и трета година. Пожарникарите кои пристапија кон гасење на пожарот освен тоа ги насочуваа прво учените од првиот кат, а потоа и од вториот без паника да стогнат до дворот на Гимназијата, како безбедно место.Потоа волонтерите на Црвениот крст со службите од Итната медицинска помош ги извлекоа повредните, и според протоколите, прво на  најтешко повредите, им даваа медицинска помош.Симулационата покажна вежба е законска обврска за подобра подготвеност на учениците и професорите и останатите вработени  за справување во ситуции, како денешната симулација.Денешната беше според претходно донесен план и програма за работа и реализирање на активности во областа на заштита и безбедноста на учениците и наставниците, и проверка на системите за противпожарна заштита, евакуациони планови и начин на работа во случај на елементарни непогоди.-На состанокот во СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ беа повикани на состанок службите од Општина Битола за итна интервенција: Општинска организација на Црвен Крст Битола, ИМП, ТППЕ, ЦУК, СВР – Битола, ДЗС, Општина Битола – кризен штаб, рече в.д директир Лидиjа Споа. -Пожарот започна во една од училниците во училиштето поради проблем со електроинсталацијата. Во текот на пожарот при паниката настанува повреда на дел од учениците и потребна е интервенција од страна на службите за итна интервенција, со тоа што прозилегува агендата, сценариото и должностите за вежбата на одредените служби. Цел на оваа вежба е да се зајакнат капацитетите и степенот на реагирање на СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во однос на елементарни непогоди, пожари и дојави за бомби, пропратена со безбедна евакуација на учениците и наставниот кадар од училиштето. Благодарност до сите институции за успешноста на оваа симулациона вежба Дирекција за заштита и спасување, ОО Црвен Крст- Битола Општина Битола, рече Споа која додаде:-Ученици не знаеја за вежбата, беше известен само од наставниот кадар, во однос на тоа како треба да ги евакуираат учениците, да ги запишат повредените и отсутните ученици и успешно да ги евакуираат. Генерално сме задоволни од текот на симулационата вежба, како помина и што се презеде. има мали забелешки што треба да ги коригираме.Противпожарната служба во Битола  учествуваше во симулационата вежба со своја екипа од неколкумина пожарникари и возило. Во вежбата пожарот се гаснеше во училница на првиот кат од Гимназијата, а пожарникарите излегоа на терен со комплетна опрема.Брзата помош која дојде во рекордно време ги згрижи повредените и им даде прва помош, го транспортира до здравствената установа.Волонтерите на Црвеник крст со своето делување им укажа на учениците како треба да се однесуваат и како да помагаат во вакви ситуации.Фотографии: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »