Press "Enter" to skip to content

Спојот на технологијата со традиционалните финансиски практики го направи „Finance Pro“ доверлив партнер

Во денешниот финансиски пејзаж кој брзо се развива, важноста на експертското водство и стратешкиот надзор не може да се прецени. Има едно име, што се издвојува во оваа област, во македонскиот финансиски сектор. А тоа е  Бисера Нечовски. Како движечка сила зад „Finance Pro“, Бисера не само што покажа исклучителна остроумност во финансискиот консалтинг, туку постави и нови стандарди во интегрирањето на технологијата со традиционалните финансиски практики. Во текот на изминатата деценија, „Finance Pro“ под водство на оваа жена, си создаде една препознатливост за себе. Не се работи само за бројки и биланси; се работи за разбирање на самата структура на бизнисот, обезбедување на нејзината финансиска структура беспрекорно усогласена со нејзините сеопфатни цели. Со залагање за Cloud решенија во реално време, поттикнување на трајни односи со клиентите и нагласувајќи го континуираното учење како концепт, таа го позиционираше „Finance Pro“ како авангарда на финансиските консултации. Додека ја одбележува таа својата  10-годишнината од нејзината комапнија, седнуваме со Бисера Нечовски за да добиеме увид во нејзината деловна филозофија, предизвиците со кои се водеше, иновациите за кои се залагаше и нејзината визија за иднината на финансискиот консалтинг во Македонија и пошироко.

Деценија на дистинкција: Славите извонредни 10 години со Finance Pro. Која беше вашата визија кога првпат започнавте, и какво е чувството дека го трансформиравте пејзажот за финансиски консалтинг во Македонија?

-Да, неверојатни 10 години работа се зад нас. Цела деценија на реализација на замисленото, постигнување на поставените цели, но истовремено и прилагодување на средината, барањата на клиентите и условите. Од самиот почеток до денес, имавме визија за воведување на нови стандарди во финансискиот консалтинг, градење на препознатлив бренд кој во себе ке ги интегрира најдобрите карактеристики: професионалност, точност и достапност на информацијата. Верувам дека во оваа професија воведовме нов стандард на работа, со кој  се менува пристапот кон тоа што се значи финансискиот консалтинг за една компанија, и како треба да се гледа на овој ангажман. Моментално, работиме на две локации во државата: во Битола и во Скопје. Ова ни овозможува достапност на клиентите за сите наши услуги пошироко. Горди сме на чувството на трансформација на пристапот кон оваа професија, која ја доживуваме како суштинска во управувањето на бизнисот. Сметам дека сеуште не сме како фела, на нивото во стопанството каде треба да бидеме, но за тоа треба уште да созреваме како општество. На запад, правникот и сметководителот имаат голема и клучна улога во секоја компанија, додека тука, имам чувство дека сеуште само административно  се доживува оваа позиција. Настапивме револуциорнерно, и направивме разлика. Верувам дека нашата работа додаде на квалитет на целата професија, а особено на тоа клиентите да направат разлика во тоа како треба да изгледа пристапот кон оваа професија.

Срж на успехот: Финансискиот менаџмент често се смета за столб на компанијата. Можете ли да споделите пример кога вашата интервенција ја свртела среќата на нечиј бизнис?

-Имам навистина специфични примери. Најчесто се однесуваат на компании кои имаат материјално сметководство кое има магацински движења, за кои финансиската евиденција обично не се калкулира правилно, доколку компанијата не користи софтверска алатка која е поврзана со сметководителот/финансискиот консултант. Во овај случај многу податоци се изгубени, а со тоа изгубена е и моќта на планирање на сопственикот на бизнисот. Не се работи за среќна околност, туку за објективен факт на презентација на бројки. Доколку некој, има увид во комплетната активност на бизнисот, како во случајот што е пракса на работа на Финанс Про, тогаш тој ваш консултант, е вашиот коректив во реализација на планот на бизнисот. Гледате точна а не искривена слика. Имате вреден податок. Земате во предвид многу податоци. Имате чувство дека е среќна околност, но всушност е добра анализа и вреден податок. И да, често сме слушале од нашите клиенти, како им се отвориле нови перспективи на размислување, и како станале посвесни за својот бизнис. Со тоа секако, им се променила и среќата.

Доверливо партнерство: Како го поттикнувате чувството на доверба кај вашите клиенти, особено во индустрија каде доверливоста и експертизата се најважни?

-Работиме со податоци кои слободно можат да се класифицираат како лични. Секој сопственик на бизнис сосем лично се идентификува со својата компанија, па од таму и високите очекувања за доверливост. Градиме цврсти професионални врски со секој клиент, каде за барањата на секој бизнис се креира посебен пристап. Потребно е време, да се разбере начинот на кој се движат промените и циклусите на креирање вредност кај секој клиент, но тоа резултира со високо ниво на воспоставена комуникација, брза размена на податоци, а како неминовен резултат, секако, доверба.

Прифаќање на дигиталните промени: Со преминувањето кон решенија базирани Cloud, како Finance Pro се погрижи неговите клиенти да останат поврзани во реално време и како ова ги редефинира односите со клиентите?

-Дефинитивно направивме разлика. Од самиот старт ја живееме оваа ситуација, каде клиентот и консултантот се поврзани во реално време. Ова е иднината на сметководствениот и Финансискиот консалтинг, и единствениот начин на кој може да се работи квалитетно. Решението е револуционерно, и ги надраснува сите останати опции на соработка. Имате апсолутен пристап во реално време кај клиентот, достапни се сите записи во материјалното и финансиското сметководство. Тоа е навистина значајно, и можноста за грешки при запишување на податоци е сведена на минимум. Истовремено, изложена на увид е и нашата работа. Клиентот ги поседува и користи финалните сметководствени извештаи, кои настанале како резултат на обработка на неговите податоци. Врската е двострана и комплетна. Исполнува многу критериуми за успех, кои лесно се препознаваат. Клиентите имаат комплет податоци на “дофат на рака”, и верувајте ми, многу брзо стануваат свесни за тоа. Им се менува реалноста во бизнисот.Растеж на финансиските тимови: Можете ли да споделите успешна приказна каде што вклученоста на Finance Pro го развива финансискиот тим на една компанија за да испорача стеларни резултати?

-Одлично прашање за да се долови суштината на нашата работа. Еден од нашите видови на ангажмани е едукација и оспособување квалитетен тим за финасии во рамките на една компанија. Улогата на надворешниот консултант,  доколку се земе предвид нашиот пристап кон работата, е поширока, и опфаќа и дел во кој компанијата може да добие насоки и детални обуки за тимот на внатрешни експерти. Најсложено е да се постави правилна структура на тимот кој ке биде одговорен за управувањето со финансиски податоци во една компанија од среден и голем обем. Да, нашиот ангажман како надворешни експерти не застанува кај малите компании, таргетираме и компании од поголем обем. Во нашата референтна листа учествуваат приватни здравствени установи, производствени компании, трговски ланци, телефонски оператори. Горди сме на совладаната материја, а со тоа и спремни да настапиме како едукатори на сериозни бизниси. Нашиот пристап е да се создаде тим кој ке биде компетно обучен да ги преземе сите детали и броки во самата компанија, за на крај во соработка со нас преку Дата Лаб Пантеон, да созадеме брзи, навремени и точни информации. Вие сте и натаму самостоен субјект со сите сметководствени функционалности,  но добивате дополнителен квалитет преку нашиот ангажман, со што имате повеќе сигурност, стручност и контрола.

Моќта на интеграцијата: Вашето партнерство со Data Lab Pantheon е мошне важно. Како оваа соработка додаде уникатна предност на услугите што ги нуди Finance Pro?

-Интеграцијата е клучен збор. Опфаќа се. Со ова партнерство, ние ги надминавме и границите на финансиски консалтинг. Добивме квалитет на консалтинг интегриран со имплементација и одржување на софтвер. Имено, од моментот на набавка на софтвер, кој ке го интегрира цело ваше работење, имплементацијата на истиот, па се до финансиските книжења, соработувате со нас. Вложивме во комплетност на нашата компанија и резултатот е очигледен: бизнис соработник кој ве следи во чекор, и ви нуди комплетно решение за вашиот финансиски сектор. Ова партнерство ни отвори врата кон бизниси кои инвестираат во својот потенцијал, и ни овозможи сосем поинаква перспектива на работа. Паралелно со нашата деценија на постоење, постои и стратешкото партнерство со Дата Лаб, за кое е непосредно врзана нашата бизнис приказна.На новите сметководители: Каков совет би им дале на младите финансиски професионалци во Македонија, особено во контекст на постојано ажурирање со современи алатки како Data Lab Pantheon?

-Иако сеуште не изгледа така, но доаѓа време кога оваа професија ке добие многу на вредност. Би ги советувала да вложат во себе. А тоа значи да се едуцираат. Кадар кој е во последната година од своите студии, или скоро дипломиран, мора да стекне практично искуство. Нудиме одличен сертифициран курс за основи на сметководство кој, ке ве образува за сите процеси кои се одвиваат во стопанството. Уште подобро, ке го направи тоа со користење на софтверот Пантеон. Доколку не знаевте, овај софтвер, е веќе најкористениот во нашата држава, па шансите да бидете конкурентни кај Вашиот работодавач повеќекртано се зголемуваат.

Суштината на претприемништвото: Како Finance Pro им помага на претприемачите да се движат низ бурните процеси на водење на бизнис во Македонија, особено кога бројките играат клучна улога и кога не сме во општество кое е Скандинавија, на пример?

-Доколку сте свесен за своите параметри-се подобрувате. Вистинската информација е моќ. Општеството во кое сме, се менува но тоа е бавен процес. Лично сметам дека нашата економија е во фаза на заздравување, иако многу би го оспориле тоа. Се забележува се повеќе потреба од вистинска професионалност, вистинско знаење и вредност. Ако овде ги имате вистинските бројки, сосем сигурно е дека тие ке ви создадат вредност. Бизнисот моементално ке биде достапен само за оние кои со тоа сериозно ке се занимаваат, и ке бидат спремни да ги поминат сите фази на живот на една компанија. Тоа значи, ке бидат сериозни инвеститори на средства, време и знаење во својата компанија. А за тоа им требаат вистинските податоци. Податоци кои заедно ке ги создадеме. Сакам да верувам дека квалитетот не е случаен, и дека порано или подоцна дава одличен и долготраен резулатат. Дури и во општество кое не е Скандинавија.Единствено решение за различни бизниси: Без разлика дали се работи за производство, трговија или услуги, како приказната за Pantheon на Finance Pro ги задоволува различните деловни потреби?

-Пантеон е комплетна приказна. Контактот со овој ЕРП софтвер од прв момент ни го покажа патот на развој на нашиот бизнис. Видовме како овај прогарам може да ги исполни сите очекувања на стопанствениците од било која област. Како професионалци од областа на сметководствто, заинтересирани бевме, да постои поврзаност помеѓу материјалното и финансиското сметководство. Сметам дека материјалните податоци, како база за финансиските книжења, најдобро е да се поврзани со автоматски процеси на обработка. Било да станува збор за компанија која е услужна, производствена или трговска, Пантеон нуди комплетна поддршка кога е материјалното работење во прашање. Исто така, овие податоци совршено ги интегрира во финансиски извештаи, без дополнителни процеси на обработка.

Предноста на CLOUD: Во денешниот свет со брзо темпо, како ажурирањето преку решенијата на CLOUD им помага на претприемачите, особено кога станува збор за рокови и управувањето со стресот?

-Cloud решението во последните 5 години е неопходно кога станува збор за размена и складирање на податоци. Сите дополнителни ангажмани околу одржување на сервер и чување на податоците во канцеларија се непотребни со користење на овој систем. Роковите се постигнуваат многу побрзо кога клиентот и консулатантот работат на иста база. Точноста на податоците е апсолутна, нема загуба на документи и информации. Ако зборуваме за тоа дека се е достапно за користење и увид од секое место и во секое време, сметам дека стресот во работата значително се намалува.

Комплетност во консалтинг: Според вас, зошто е суштинско за бизнисите да се одлучат за сеопфатен партнер за финансиско управување, и како Finance Pro ја отелотворува оваа комплетност?

-Сметам дека кога станува збор за управување со финансиите на една компанија, треба да се размислува сеопфатно. Ја градевме нашата компанија во насока таа да биде комплетна поддршка на бизнисот, кога станува збор за оваа област. Од самата препорака, набавка, имплементација на софтвер, па се до комплетирање на сет финансиски извештаи, нудиме комплетна поддршка кон клиентот. Во овие 10 години работа, ја заслуживме довербата на клиентите и институциите. Нашата улога ги обединува интересите на бизнис секторот и државниот буџет, и како таква, бара голема професионалност во нејзиното извршување. Се трудиме, да ги доближиме законските нормативи кон стопанствениците, со што тие би биле во состојба пореално да ги планираат своите активности. Стопанството во голема мера ги следи законските промени. Нашите бизнисмени се најчесто едуцирани и искусни менаџери, па со нив е задоволство да се разговара. Секако, соодветно на нивното ниво на работа, избираат и консалтинг партнер. Некој кој може да го следи нивниот раст и план. Ние сме секогаш тука за оние кои ќе одлучат да бидат најдобри.

Гледајќи напред: Додека размислувате за изминатите 10 години, каква визија има Finance Pro за следната деценија, особено во финансискиот пејзаж кој постојано се развива?

-Претходната деценија, го формиравме нашиот стил на работа, ги испитувавме можностите на пазарот, растевме и работевме на нашиот бренд. Следната деценија, ке биде исполнување на сите наши капацитети, кои до сега ги развивме. Се гледаме како лидери во оваа област, поддршка на бизниси кои ја водат економијата, партнер на најдобрите. Се надевам дека веќе сме препознаени како стабилен бренд, и ја заслуживме довербата на бизнис секторот. Она што следи, сметам дека ке биде природно продолжение на нашиот раст, кој ке ни донесе успех за кој сметаме дека е заслужен.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »