Press "Enter" to skip to content

Васко и Сузана Бошевски сопственици на компанијата “VIS Тransport“ во Сиднеј: соништата ни се остварија, но најголемо богатство се нашите деца и внуци (фото)

-Сега планираме да живееме 6 месеци тука, и 6 во Сиднеј Австралија, ни рекоа деновиве, пред да заминат за Австралија.

Заминување на печалба е дел од битисувањето на нашиот македонски народ од минатото кога заминувале на „гурбет“. Подоцна тоа продолжува во 60, 70 и 80 години од минатиот век. Денес повторно современи миграции кога се заминува на различни краишта низ светот по подобар живот, промена на средина… Различни песни останале да зборуваат за носталгијата „Туѓината пуста да остане“, „Туѓино јабано“, па се до низ хумор кажано „Подобро да ме јаде носталгијата, отколу сиромаштијата“. Но, се разбира мудроста е во народот и секогаш реалноста се отсликува вака. Различни реални приказни за живот, работа, докажување во туѓе земја со сите тешкотии и предизвици. 

Оваа година голем број македонци, битолчани кои живеат надвор од Македонија дојдоа на одмор. Се смета дека повеќе од 30.000 туристи и гости имаше летово во нашиот град. Заради затворањата со корона кризата голем дел од нив дојдени после подолг период. Низ разговороите со нив тие откриваат, зборуваат за животот во туѓина, споредуваа со животот тука…

Многу животни приказни на оние кои заминале на печалба особено оние кои заминале пред 40 и повеќе години во непозната земја, за да ја побараат среќата. 

Сузана и Васко Бошевски ја споделија нивната животна приказна со нас. Се разбира дека има уште голем број слични.

-“Можам да кажам дека ова ни беше еден од најубавите одмори. Дојдовме на 1 јуни и еве се наближува денот кога заминуваме, а тоа е 26 октомври. Многу убаво си поминуваме и ако правиме разлика со претходните доаѓања пред корона и порано сега животот тука е многу убав. Преубаво си поминавме овој одмор и сега животот тука е подобар од како бевме дојдени пред неколку години“… започна Васко Бошевски.

-„Пред короната доаѓавме често, скоро секоја година. Но сега сме тука после подолг период и затоа можеби можеме да направиме разлика.  Животот е добар и затоа планираме за некоја година подолг период да поминуваме тука“.

-„Еве ни помина одморот си заминуваме, утре,  26 октомври, ама не ни се “бега““…, ни кажа Сузана Бошевска која во Сиднеј Австарлија е од 1963 година, незните родители заминале со неа кога била шестмесечно бебе.Васко Бошевски се присети на своето заминување…

-„Заминав во Австралија 1980 година на свои 18 години. После завршувањето на средно образование еден другар ми помогна околу документите за виза. Причината беше од авантура, но и да ја променам средината,да си ја побарам среќата во Австралија. А среќата ја најдов кога ја запознав мојата сопруга Сузана уште кога дојдов во Сиднеј Австралија. Таа беше израсната таму. Стапивме во брак за брзо време од како се запознавме. Сега славиме 43 години заедно. Имаме две деца синовите Александар и Крис. Од нив 4 внучиња кои се нашето вистинксо богатство. Кога дојдов во Австралија работев на повеќе работни места. Но после тоа започнавме  со свој  бизнис. Ќе кажам само ако човек си има свој сон и ако го следи, но со работа и труд, сигурно ќе постигне успех“.-„Без откажување и во големи тешкотии да се издржи. Кога сакаш да постигнеш некоја цел, тогаш со сите сили се трудиш да ја постигнеш. Еве скоро 26 години работиме во област на транспорт. Соработуваме со големи компании “DHL“, “H&M“ и други. Ја транспортираме нивната роба низ цела Австралија. Нашата фирма “VIS transport“ ги носи првите букви на нашите имиња, Васко и Сузана, бидејќи заедно сме во оваа работа“, додава Сузана.

Еден период инвестирале во два хотели. Денес го имаат само едниот, кој се наоѓа внатрешнота на Австралија, помеѓу Сиднеј и Мелбурн “Merendra Hotel“. Во бизнисот на почетокот работеле и навните деца, кои сега имаат свои бизниси. Пред 6 години почнаа посебно да си заработуваат, едниот е исто така во транспорт, а другиот е кувар и има сопствен ресторан.-„Сега веќе јас и мојата сопруга влегуваме во период кога сакаме да се одмораме повеќе, и да водиме помирен живот. Затоа планираме да инвестираме тука и да живееме тука неколку месеци, а другите таму во Австралија, ни рече Васко, и додава се гледаме некаде на почетокот на мај, тука во лето е најубаво, заедно со нашите пријатели.

Ж.Ристевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »