По пировата победа над Вардар пред три ден во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ нова ракометна претстава, овјој пат од Лигата на шампионите, и нови “немири“ за публиката.Секако дека ја немаше еуфоријата од пред три дена, но борбената игра на ракометарите на Еурофарм Пелистер со добрата и храбра игра во второто полувреме и резултатскиот пресврт кој пробаа да го направат ги кренаа на нозе повеќе од 3.000 битолчани, кои дојдоа да го бодрат нивниот клуб.
Пелистере, со тебе сме секогаш, не беше само дел од навивачката песна, овој пат беше реална приказна, а тоа го докажа битолската публика, која повторно може да жали, овој пат барем за бод, кој го заслужија ракометарите.
Таквата игра, за борбеноста и желбата за победа на крај им донесе и аплаузи од домашната публика.
Овој пат на трибините беа и навивачи на Киелце кои со својот тим допатуваа од Полска, ги бодреа своите миленици, но според тоа како навиваа битолчани беа нечујни.

Нема мирен натпревар во Битола, вечерва борба до последна минута на “пелистерци“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол
More from СпортMore posts in Спорт »
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)