Press "Enter" to skip to content

Концерт со безвременски хитови на Билјана Дамјановска – Јанчевска и Сефедин Бајрамов во Битола (видеа – мегафотогалерија)

Убава песна вечерва пеам,

можеби таа ми допира душа.

Ако е така, запејте сите

животот песна треба да биде!Со овој рефрен исполент со емоции заврши концертот на двата златни гласа на Битола – Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов во Центарот за култура. Публиката имеше можност низ калеидоскоп на нивните 17 песни да уживаат во безвременска музика: забавна, шлагерска, страоградска.Кариерите им започнаа напоредно. Прогласени за откритија на Скопскиот фестивал “Скопје 79“. Оставиле  белег на музичката сцена со учество на голем број фестивали: „Фестивал Омладине“ во Суботица,  Денови на ЈУ музика во Опатија, Скопскиот фестивал,  „Макфест“1988 година, потоа „Валандово“,  „Интерфест“ , „Охридски Трубадури“, „Струмичка пролет“, „Евро Фест“, „Филиграни“…скоро сите  „Серенади на Широк Сокак“ и на овогодинешната  „Ех, таа Серенада“.

Низ својата 50 годишна кариера соработувале со голем број музичари, композитори, аранжери и текстописци: Валентин Соклевски, Кире Костов, Љубомир Бранѓолица, Славе Димитров, Гоце Димитровски, Ѓоко Георгиев, Бато Нејашмиќ, Миодраг Врчаковски, Огене Неделсковси, Петар Георгиев Калица, Миодраг, Маријан и Давор Нечак, Љупчо Мирковски, Марко Виденовиќ, Цане Трајчевски, Кирил Стојчевски…

Препознатлива по својот мелодичен глас- алт. Уште како 10 годишното девојче од Битола, Билјана Дамјановска далечната 1972 година на фестивалот “Златно славејче 72“, испрати пораки за мир во светот со бевременскиот детски евергрин, „Еј гулаби, гулаби бели“ Постигна голем успех и на еден начин песната беше почетокот на нејзината музичка кариера. Стана популарна насекаде, но нејзината музичката  кариера посериозно и започна во 1979 година со настап на Младинскиот  фестивал во Суботица каде настапуваа пејачи од цела СФРЈ. Во истата година на Скопскиот фестивалот таа година под името  „Вечер на забавна музика“ 17 годишната Билјана Дамјановска  настапува со песната „Добриот стар блуз“ и остава силен впечаток на публика и жири. Подоцна се нижат голем број настапи, фестивали, концерти. На синоќешниот концерт пееше  дел од нејзините композиции, а   песните  хронолошки  од почетоците – дебито на Скопскиот фестивал, „Добриот стар блуз“,  до последната “Ех таа Серенада“- .„Не можам да си ја лажам душата “. Заедно со Сефедин ја изведоа  дуетската песна „Родителска љубов “ посветена нивните родители. 

Сефедин Бајрамов го споредуваат и нарекуваат „битолскиот Шарл Азнавур“ или „македонски Кемал Монтеноо“. За други мајстор на серенадата, со романтична нота во гласот. Но најповеќе  човек со широка душа. Со своја скоро 50 години богата музичка кариера во  која настапувал на најпознатите југословенски фестивали… Пеел пред високи државници  Киро Глигоров, Бранко Мамула, генералот на турските вооружени сили, по повод тргнување на „Штафетета на младоста“.  Настапувал  во Турција, Австралија. Настапувал на отворањето на фестивалот “Браќа Манаки“.“Снагата во Стамбола, душата во Битола“ песна која му ја  испеал на нашиот  Ајри Демировски, “Охридски спомени“ неговата песна влезена како една од 5 најдобри евергрини во македонската забавна музика. Ја изведе на синоќешниот концерт како и „Прастен за неа“, „Аманет“, „Марта“, „Граду мој“…

Билјана Дамјановска – Јанчевска на крајот од концертот се обрати кон публката со зборовите:-Започнавме заедно на музичката сцена, а другаруваме и приватно  Со овој концерт одбележуваме повеќе јубилеи и долгогодишна музичка кариера. Тоа беше во 1979 година кога  двајцата настапивме со свои настапи  на Фестивалот “Вечери на македонска музика“. И двајцата бевме едно откритие на фестивалот со многу позитивни критики. Сметам дека Ви должевме еден ваков  концерт, и еве го направивме за вас Битолчани наши. Бидејќи цело време овие години сите низ неформални муабети  не прашувавате кога концерт, и еве се случи. Посебно ме радува што овој концерт им го посветуваме на нашите родители кои не се повеќе меѓу нас, но сигурна сум дека не гледаат и слушаат некаде од „горе“. За нив ја испеавме „Родителска љубов“. Посебно сум возбудена што ја споделивме со сите Вас  вечерва. На крај искажувам голема благодарност до нашите спознори, без кои немаше да се случи овој концерт, но најголема благодарност до моето семејство кое ме „издржа“ последниот месец особено до мојот сопруг Јанче.Сефедин додаде:

-Првата моја поддршка  беше кога бев прогласен за „Златен глас“ на Битола,  кога моите другари седеа на 17 ред во кино Партизан како денес се сеѓавам. И вечерва повторно ја почуствувава истата таа енергија и поддршка од вас мои битолчани. Таа до ден денес ме прати. Велат сите кои се оваа оваа област „Ако си успеал во својот град, да добиеш почит од своите сограѓани, тогаш нема поголема награда за секој изведувач“. Им благодарам на сите луѓе низ мојата кариера композитори, текстописци, аранжери, музичари кои придонеса да имаам безвременски песни кои останаа до ден денес.

-Вечерва посебно ги поздравувам музичарите од Камерниот оркестар кои вечерва придонесоа за убавата музика да допре до сите, се заблагодари во свој стил, од душа нашиот Сефко.

Ж.Ристеска

Фото видео: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »