Press "Enter" to skip to content

Миле Велјановски, директор на “ЕСМ Молика“ Битола: во тек е темелно реновирање на хотел “Молика“

Градежните работи, како и останатите занаетчиски работи за темелното реновирање на хотелот “Молика“ на Пелистер се во полн ек, а по тој повод прес-конференција одржа Миле Велјановски, директор на “ЕСМ Молика“ Битола, при што рече:-Задоволство ми е со вас и со јавноста да споделам дека хотел “Молика“ се реновира темелно, како што никогаш досега во 30 години постоење не се случило. Со поддршка на АД ЕСМ и Управниот одбор, започнавме инвестиции со кои ќе го разубавиме хотелот.  Веќе неколку недели во тек е реновирање на собите. Одиме фазно, по вертикали. Се менува дограмата, комплетно се реновираат купатилата, се поставуваат нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под, а што се ќе биде опфатено во реновирањето, додаде:-Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови. Во тек се активности за реконструкција и на таканаречената летна тераса. Се поставува таванска изолација, а ќе се гради и камин кој во зимските месеци ќе придонесе за уште попријатен амбиент во хотелот. Во лоби барот гарнитурите се веќе сменети. Хотелот “Молика“ по 30 години од отворањето, на 24 март 1993 година, ќе добие и нова фасада, а со тоа и нов изглед на модерен планински хотел, со спа-центар, осветлена скијачка патека.-Паралелно, како што се работи внатре во хотелот, се работи и надвор, на фасадата. Ќе се замени ламперијатаи ќе се реконстуира останатата површина од фасадата.  Во тек е  постапка за изградба на систем за осветлување на ски стазата Копанки. Во завршна фаза е изборот на изведувач.  Најголемиот предизвик кој сакаме да го реализираме и со тоа да внесиме нова содржина за нашите гости е подготовка на проект за изградба на спа центар, рече Велјановски и додаде:-Сите овие проекти што ги споменав и многу други што ги реализиравме во овој краток период  беа споменувани во минатото, ама еве сега дојде моментот да се направат. Хотелот “Молика“ ќе одбележи 30 години постоење во ново руво, реновиран и реконструиран како што доликува на овој омилен хотел на битолчани и на многу гости од Македонија и од странство.

More from ВестиMore posts in Вести »