Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло

Во Битола на 86 годишна возраст, по долго боледување почина Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло, основач и сопственик на печатницата “Микена“ од Битола една од првите приватни печатници не само во градот, туку и во државата.

Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло беше еден од најдобрите мајстори на печатарскиот занает во Битола, а квалитетот кој го имаше во печатарството беше негов заштитен знак. Во неговата печатница “Микена“ се испечатени голем број на екслузивни монографии, а тој ја подготви и испечати последната моногфадија за Битола.

Како круна на неговата печатарска дејност беше целокупната едиција “Нобеловци“ која содржи вкупно 106 дела на добитници на Нобелова награда за литература, како светската литератута и македонска литература,  а тоа му и е траен паметник во печарството.

Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло своето печатарско образование го усоврши во Италија, а специјалност му беше офсет печатот, по што беше 

Битолчани Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло ќе го паметат и како фотограф и фоторепортер, а беше и првиот фоторепортер на Битолски весник кој основата на фотографијата во Битола, а обичил и голрм број на фоторепортери. Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло остави голема збирка на ексклузивни фотографии фотографирани во минатиот век, кои се и ќе бидат дел од сведоштвата за Битола, кои се документирани.

Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло беше и голем вљубеник во Пелистер од каде поседуваше голема колекција на фотографии од планината. 

Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло беше член во првата гарнитура на Ротари клубот во Битола.

Погребот на Кире Ѓеоргиевски – Ѓаоло се одржа во старите “Светонеделските гробишта“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »