Синоќа во Битола во хотел “Милениум“ општинската организација на жени на ПОДЕМ Битола го одржа своето изборно собрание.Во свечениот дел од настанот на делегатките им се обрати претседателот на ПОДЕМ проф. д-р Живко Јанкулоски и претседателот на ОО ПОДЕМ Битола, Александар Цветаноски.
Проф. д-р Живко Јанкуловски пред присутните зборуваше за кадровска поставеност на партијата и дека по Конгресот на партијата се конституираат и партиските тела и со тоа практично започнуваат и подготовките за претстројните избори. Се осврна и на актуелните политички и општестевни случувања во Македонија и во Советот на Општина Битола, а нагласи дека нивниот став е да парламентарните и претседателските избори да се одржат заедно.
Подоцна на работниот дел од собранието 45 делагатки избраа нов состав на Извршен и Надзорен одбор на организацијата на жени како и нов претседател на организацијата во Битола, Весна Костадиновска – Чагорски.
Собранието го затвори новоизбраната претседателка, Весна Костадиновска – Чагорски со свое обраќање и презентација на новата четиригодишна агенда на општинската организација на жени.

Весна Костадиновска – Чагорски, нова претседателка на Општинската организација на жени на ПОДЕМ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
- Во Битола облачно со врнежи од дожд, температурата до 6 степени
- СВР Битола: пријава за напад од две лица, каснување од куче скитник
- Завршен настан од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ (фото)