Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер победи на гостувањето кај Мулти Есенс

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 26:36 (13:17)

Спортска сала „Автокоманда“ – Скопје, гледачи: 300
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Мулти Есенс: Ерманоски, Димовски 5, Костовски, Илиески 3, Петковски, Д. Узунчев 2, Трајчев, Дар. Омерагиќ 2, Иваноски, Василевски, Тодески, Т. Узунчев 5, Димовски 4, Јорданов, Карасманакис 5.

Еурофарм Пелистер: Гедбан, Кизиќ. Цехте 2, Кузманоски 2, Тајник, Борзаш, Танкоски 2, Костески 6, Нилсен 2, Дејвис, Петровиќ 11, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 3, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 4, Стевановиќ 1.

Екипата на Еурофарм Пелистер славеше убедлива победа на гостувањето во Скопје, против екипата на Мулти Есенс, со резултат 26:36, полувреме 13:17, а ова е прва тренерска победа на Бранко Ангеловски како тренер на “пелистерци“.

Еурофарм Пелистер од стартот на натреварот започна добро и на средина на полувремето беше 4:9.  Потоа Еурофарм Пелистер постепено ја зголемуваше предноста, а на полувремето имаше +4 (13:17). 

Второто полувреме започна повторно во знак на “пелистерци“ кои за десет минути игра имаа +9 (16:25). Во 20. минута беше 20:30, а на крај убедлива победа во групата “Б“ од македонската Суперлига со +10 (26:36).

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беше Павле Петровиќ со 11 голови, и Ненад Костески 6 гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »