Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола промовираа моќен тим преку убедлива победа над Охрид (фотогалерија)

Пелистер – Охрид 97:57

Екипата на Пелистер вечерва во Битола победи со убедливи 40 поени разлика, а колку во последната четвртина не играа младите надежи од Битола разликата ќе беше многу поубедлива, публиката го виде и најновото засилување Јуре Планиниќ, со што беше најавеба една моќна екипа. 

Од дрига страна екипата на Охрид не можеше да најде начин да се спротистави на домаќините, а дека ќе биде убедлива победа не можеше да се претпостави, а првата четвртина заврши само со +3 за Пелистер, 22:19.

Втората четвртина беше со целосна доминација на Пелистер. На половина од втората четвртина беше +18 за Пелистер, 40:22, а на одмор се замина со разлика од 24 поени, 57:33.И по одморот “пелистерци“ започнаа како и пред тоа. Само по три минути игра разликата беше 31 поен за Пелистер, 67:36. Третата четвртина заврши со 82:45, или 37 поени разлика. Последниот период не донесе промена на играта и резултатот иако тренерот на Пелистер Дарко Радуловиќ им даде шанса на младите Сердаров и Марковски, а добро одигра и Најдовски, а резултатската разлика остана иста. Победа на Пелистер на крајот беше изразена со огромни и убедливи 97:57.Најефикасен во таборот на Пелистер беше Планиниќ со 22 поени, Мијовиќ со 19 поени и Стојановски со 18 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »