Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: промоција на книгата на Такец, “Перфомансите на Широк Сокак”, библија за Битола (фото)

-Се случувале разни активности по повод 4. ноември, Денот на ослободувањето на Битола, отворање на капитални објекти, училишта, улици… а пред 10 години во Битола се случи промоција на посебно дело, “Перфомансите на Широк Сокак” од Димитар Димитровски – Такец, која тој тогаш, ја нарече библија за Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Инаку, се работи за книга која Такецот му ја подари на Битола, луксузна книга, на цели 1.000 страници, насловена како “Перфомансите на Широк Сокак”, за која во негов стил, за да остане доследен на својата оригиналност, книгата ја испечати само мал број на примероци.-Широк сокак е душата на Битола. Оваа улица треба да се заштити од УНЕСКО, бидејќи тука е испишана најголемиот дел од историјата на Битола, секоја куќа, секој објект е историја. Јас би рекол дури и секоја коцка. Таа не е само модна писта, како што велат некои, каде што отсекогаш само се “корзирале” убавите битолски девојки. На оваа улица се пишувала историјата на градот. А јас, кој од своите 6 години, а и сега во својата 92. година постојано се движам по Широк сокак мислам дека бев најповикан да ја напишам само дел од историјата на оваа улица. Покрај храброст имам и знаење да пишувам за Широк сокак, а доколку згрешам мене ќе ми простат заради годините, рече тогаш на промоцијата Такецот.За книгата “Перфомансите на Широк Сокак” промотор беше неговиот внук, Игор Трајковски – Фоја, кој беше “главниот виновник“ за објавување на оваа книга, кој имаше време и трпение да ги слуша и бележи приказните на Такецот, кој имаше слаб вид. Фојата при тоа рече дека Широк сокак не е ничија генетика, но, не е ни ничие семејно наследство. Таа е тврдина која треба да се освои, цитирајќи го својот дедо, Такецо.

More from ВестиMore posts in Вести »