Press "Enter" to skip to content

М-р Љубен Милорад Андријашевиќ, докторант од Битола во работна посета на Факултетот за политички науки при државниот Универзитет во Подгорица

М-р Љубен М. Андријашевиќ од Битола е докторант кој е на завршна година на Правниот факултет при Универзитетот “Св.Климент Охридски“ во Битола, насока Меѓународно право и политика.Токму заради остварување на завршните активности од своите докторски студии кои се однесуваат на меѓународната мобилност и меѓународната соработка, беше на Факултетот за политички науки при Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, каде што остварил неколкудневен престој и посета, активно учествувајќи во образовниот процес и обавувајќи стручни консултации по однос на своите докторски истражувања кои се поврзани со правење на компаративна анализа помеѓу законодавствата на Република Северна Македонија и Република Црна Гора од аспект на Меѓународното трговско право. Воедно, се разговараше и за веќе воспоставената добра соработка помеѓу двата факултети, како и за нејзино интензивирање на уште повисоко ниво во иднина, кое нешто несомнено оди во прилог за двете страни.

Иако имаше опции за избор помеѓу повеќе држави, сепак неговиот интерес за реализирање на оваа задолжителна активност во Република Црна Гора се состоеше пред се во тоа што со посебно внимание и љубов сакаше да оддаде своевидна почит кон неговите дедо и татко, од кои ги влече своите црногорски корени, а кое нешто го чувствуваше во себе и како обврска и одговорност кои што му причинуваат енормно задоволство, привилегија и чест.

По враќањето од Црна Гора во Република Северна Македонија, како автор на научниот труд ,,Republic of North Macedonia Partnership – Agenda 2030” и како коавтор на научниот труд ,,Trade cooperation between the European Union and the Russian Federation from the point of view of the period before the war in Ukraine and from the point of view of the current political situation”, кои се изготвени под менторство на Проф.д-р Саша Дукоски, зеде свое учество како нивен презентер на Меѓународната научна конференција ,,Кон подобра иднина: Мир, правда и силни институции” чиј што организатор беше Правниот факултет при Универзитетот “Св.Климент Охридски“ во Битола, која се одржа во периодот 19 – 20 октомври 2023 година.Тргнувајќи од своето лично искуство, како студент кој од самиот почеток, односно од прв па сега до трет циклус на студии го доверил своето високо образование на стручниот кадар на еден ист факултет, срдечно им препорачува на оние коишто оваа школска година ќе бидат матуранти, а кои на некој начин ги влече и ги интересира правото, да не се двоумат и своето образование да го продолжат на Правниот факултет кој што функционира во рамките на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, каде што е отпочната една нова позитивна ера на делување и функционирање која нуди широк спектар на можности и несомнено подобра иднина.

More from ВестиMore posts in Вести »