Денес во “Вила Дихово“, се одржа завршен настан за проектот “Fast Forward“ каде беа споделени резултатите на уште еден проект наменет за млади во Пелагонија, во организација на “Pro Local“ – Битола.Присутните имаа прилика да ги чујат бизнис идеите на 15 млади луѓе од регионот, но беа и информираме кои се можностите истите да се финансираат од надворешни извори и прераснат во успешни претприемнички приказни!Во рамките на проектот „FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”, имплементиран од Здружението за унапредување на развојните процеси „ПРО ЛОКАЛ“ Битола, а поддржан од Американската амбасада.15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучија како да ги развијат своите бизнис идеи.Станува збор за оригинални идеи кои ќе им овозможат самите да отворат свој бизнис, а со тоа младите да останат во родните места и да бидат економски независни.
Завршен настан за проектот “Fast Forward“ на “Pro Local“ Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)