Денес во “Вила Дихово“, се одржа завршен настан за проектот “Fast Forward“ каде беа споделени резултатите на уште еден проект наменет за млади во Пелагонија, во организација на “Pro Local“ – Битола.Присутните имаа прилика да ги чујат бизнис идеите на 15 млади луѓе од регионот, но беа и информираме кои се можностите истите да се финансираат од надворешни извори и прераснат во успешни претприемнички приказни!
Во рамките на проектот „FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”, имплементиран од Здружението за унапредување на развојните процеси „ПРО ЛОКАЛ“ Битола, а поддржан од Американската амбасада.
15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучија како да ги развијат своите бизнис идеи.
Станува збор за оригинални идеи кои ќе им овозможат самите да отворат свој бизнис, а со тоа младите да останат во родните места и да бидат економски независни.

Завршен настан за проектот “Fast Forward“ на “Pro Local“ Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола
- Градоначалникот Коњановски на панел дискусија во Брисел
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола