Press "Enter" to skip to content

Во Битола промовирана книгата “Презимето кај Македонците“ од авторот проф. д-р Елка Јачева-Улчар (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола во организација на МНД-Битола во соработка со КИЦ-Битола и Ротари клуб -Битола Дистрикт 1912 промовирана беше книгата “Презимето кај Македонците“ чиј автор е проф.  д-р Елка Јачева Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков“ од Скопје.На присутните во име на организаторите им се обрати проф. д-р Невена Груевска, претседател на МНД Битола, која при тоа рече:-Кога зборуваме за една личност како единка, она што ја отсликува и и дава личен печат секако тоа е презимето кое личноста го носи. Презимето е векторот кој ги поврзува припадниците на едно семејство, фамилија, генерациски наназад низ вековите, кажува за историјатот, достигнувањата и случувањата во една фамилија. Оваа вечер МНД Битола има чест да организира промоција на една интересна несекојдневна книга која верувам дека многу од вас присутните ќе ја прочитаат во еден здив. Тоа е книгата “Презимето кај Македонците“ чиј автор е проф. д-р Елка Јачева-Улчар, лингвист и ономастичар.Промотори на книгата беа д-р Весна Калпаковска и кои зборуваа за тоа како се создаваат презимињата на Македонците, која е мотивациската основа за формирање на презимето, како и за кусиот историски развој на антропономастичката категорија презиме кај Македонците, и за зародокот на презимињата на наша почва.Весна Калпаковска рече:-Имам чест да се наоѓам во прекрасно друштво и да зборувам за една навистина прекрасна книга, при што чуствувам голема одговорност. Проф. д-р Елка Јачева-Улчар има одлична научна кариера која што е фокусирана на длабиснко проучување на јазикот, зборовните форми, инрефестицијата меѓу јазиците на балканските народи, влијанијата од другите јазици, но со проучување на спецификите на македонскиот јазик кои што произлегуваат и се втксени во повеќевековното македонското ткиво. Општ впечаток за книгата “Презимето кај Македонците“ е дека покрај огромното знаење на авторот за оваа проблематика самата книга не е оптоварена со многуте стручни методолошки постапки, научен апарат што треба да се примени и сето тоа е присутно во книгава, која е студиозно напишана која може да си приушти да биде привлечна за читателот. Читањето на книгата “Презимињата кај Македонците“ за секое прашање кое ќе му се наметне на читателот, веќе во следната реченица следи одговор. Ваквото пишување е одлика на големо мајсторство.Игор Радев, доктор по лингвистика при Синолошкиот центар при Лексикографскиот центар “Георги Старделов“, Одделение за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите – Скопје, на промоцијата рече:-Пред неколку месеци бев на гости на професорката забележав книга токму од домаќинката, а веднаш потоа ми беше предложено да бидам промотор токму на таа книга. Во книгата забележав дека се поместени презимиња на мои познати пријатели. Во ниту една човечка култура во историјата без разлика колку била “примитна“ не постои без луѓето да го користат личното име. Но, за разлика од името презимето потекнува од последните два-три века од историјата.Проф. д-р Елка Јачева-Улчар на промоцијата рече:-Македонското презиме го има својот зародок во Битолскиот триод, кој е еден мошне стар македонски средновековен ракопис од втората половина на 12 век, пишуван со кирилица и со чести глаголски вметнувања. Развојот на македонското фамилијарно име во презиме искажано од нашиот Голем учител, Блаже Конески, онака патем во неговите разговори со Цане Андреевски. Појавата на постојаната  категорија презиме се должи или подобро е рeзултат од поразвиените социјални и економски услови на општеството, а пред сè на урбаните центри во кои идентификацијата на лицата не можела да се потпира само врз личното име или прекарот.  Во македонски услови, појавата на презимето не се случила истовремено во сите краишта и кај сите слоеви на населението. Кај Мијаците, на пример, презимето е настанато и порано од XIX век.Во книгата се приказните за презимето на младиот и многу талентиран поет Андреј Ал Асади, на Даринка Крстанова, поранешен почесен конзул на Руската Федерација за презимето на нејзиниот дедо Иван Ангелин, на академската сликарка Марија Светиева за еврејското презиме Ергас, на актерката Јелена Жугиќ за нејзиното презиме со црногорско потекло, на д-р Катерина Станкова-Нинова за нејзиното ерменско презиме по мајка Јармјан, на Трајче Чатмов за украинското презиме Јермилов, што е всушност моминско презиме на неговата мајка… Интересни се и  приказните на проф. Татјана Христовска-Качоровска за полското презиме Качоровски, на истакнатиот македонски поет и собирач на македонски старини Алдо Климан за презимето запишано 1288 год. во Винодолскиот законик…, на д-р Ана Мартиновска од Институтот за македонска литература за презимето Мартиновски, односно влашки Мартини кој го наследила од дедо си, големиот сликар Никола Мартиноски, на Хрисула Пенопулу Сувариева, ќерка на бегалци од Егејска Македонија, преселени овде од Узбекистан, на Емилија Роп носител на словенечко презиме…На присутните им се обрати и Даринка Крстанова, поранешен почесен конзул на Руската Федерација за презимето на нејзиниот дедо Иван Ангелин.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »