Денес во “Вила Дихово“, се одржа завршен настан за проектот “Fast Forward“ каде беа споделени резултатите на уште еден проект наменет за млади во Пелагонија, во организација на “Pro Local“ – Битола.
Присутните имаа прилика да ги чујат бизнис идеите на 15 млади луѓе од регионот, но беа и информираме кои се можностите истите да се финансираат од надворешни извори и прераснат во успешни претприемнички приказни!
Во рамките на проектот „FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”, имплементиран од Здружението за унапредување на развојните процеси „ПРО ЛОКАЛ“ Битола, а поддржан од Американската амбасада.
15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучија како да ги развијат своите бизнис идеи.
Станува збор за оригинални идеи кои ќе им овозможат самите да отворат свој бизнис, а со тоа младите да останат во родните места и да бидат економски независни.
[ngg src=”galleries” ids=”1700″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]






