Општина Битола ја објави програмата за одбележување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а централниот настан, Свечената академија и доделување на наградата за животно дело, која годинава ќе ја добие новинарот Димче Миновски, ќе се одржи на 3 номеври со почеток во 19 часот, во Народниот театар во Битола.
Инаку, свеченостите започнат вчера, 30 октомври, со одржување на Школата за краток филм, а за 4. ноември се закажани повеќе настани, изложба, спортски активности… додека традиционалната ноќна атлетска трка и свеченото доделување на наградите ќе биде ден претходно на 3 ноември на Широк Сокак.