СВо НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа 18-тата „Роднокрајна средба со битолските писатели“ на која присуствуваа писателите: Добре Тодоровски, Светлана Папачек, Сања Видановска-Мучкајева, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Муднишевска-Вељановска Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски, Петре Димовски, Биљана Димко, Ванде Ганчевски и Илче Стојановски.Средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и „САБА“Битола.Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости, потоа збор зеде поранешниот координатор на средбата Николче Велјановски.Координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски за овогодишната средба на тркалезната маса, ја постави темата „Огледало на мојата душа“, поттикнувајќи ги писателите да творат во нивен стил, во проза или поезија. Присутните гости имаа можност да слушнат творби од роднокрајни писатели кои ги имаа избрано за овој настанот.На средбата пред писателите со свои лични творби се претставија и дел од учениците, млади поети на кои им значи критиката и мислењето од повозрасните. За крај се разви плодна дискусија на која учениците имаа можност да се запознаат подобро со роднокрајните автори, а писатели на поставените прашања им одговорија дека: случките и спомените кои ги доживуваат секој ден се мотивацијата која тие ја црпат, како и читателите кои ги читаат нивните дела. Битола може да се пофали со голем број писатели кои секојдневно ја претставуваат нашата книжевност и нашиот град, не само во Битола туку и надвор од државата.Од оваа средба произлезе Зборникот на излагања (18. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија) кој ќе биде промовиран по повод патрониот празник на библиотека.
Во Библиотеката во Битола се одржа 18. по ред “Роднокрајна средба со битолските писатели“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер додека именува нов тренер, Ѕвонко Шундовски привремено ќе ја води екипата
- Координативен состанок во пресрет на зимската туристичка сезона во хотел “Молика“
- Пелистер во Битола елиминиран од Купот на пенали од Детонит Плачковица
- М-р Биљана Темелкова назначена за в.д. директор на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ Битола
- Со положување цвеќе на споменикот на Даме Груев одбележан Денот на македонската револуционерната борба
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Библиотеката изложба на книги по повод 23. Октомври
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови