Press "Enter" to skip to content

Превентивни активности на СВР Битола во Економско училиште

На подрачје на Битола полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола, реализираа превентивно – едукативна активност посветена на средношколците.

Притоа, во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола спроведоа едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.

Исто така, инспектори од компјутерски криминал при СВР Битола на средношколците им укажуваа за ризиците кои произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање.

More from ВестиMore posts in Вести »