Press "Enter" to skip to content

Репрезентативците, ветерани на џудо клубот Пелистер од Битола успешни на Балканското првенство

Во Прилеп се одржа Балкаскиот џудо шампионат на кој успешно се претставија ветераните од џудо клубот Пелистер од Битола, кои одлично се претставија и освоија медали во своите конкуренции. Битолските џудисти освоија вкупно осум медали од кои четири златни, односно 5 учесници освоија 4 златни и 4 сребрени медали.

Златни медали освоија Милена Стојковска – прво место и втотро место во апсолутна категорија, Весна Гецовска – прво место и второ место во апсолутна категорија, Јелена Јовески исто така златен медал и второ место во апсолутна категорија.

Во машка конкуренција прво место освои Ромео Рајков, а Јове Скерлевски беше второпласиран. 

More from ВестиMore posts in Вести »