Во Прилеп се одржа Балкаскиот џудо шампионат на кој успешно се претставија ветераните од џудо клубот Пелистер од Битола, кои одлично се претставија и освоија медали во своите конкуренции. Битолските џудисти освоија вкупно осум медали од кои четири златни, односно 5 учесници освоија 4 златни и 4 сребрени медали.
Златни медали освоија Милена Стојковска – прво место и втотро место во апсолутна категорија, Весна Гецовска – прво место и второ место во апсолутна категорија, Јелена Јовески исто така златен медал и второ место во апсолутна категорија.
Во машка конкуренција прво место освои Ромео Рајков, а Јове Скерлевски беше второпласиран.