Press "Enter" to skip to content

Ноември – Месец На Финансиска Едукација Со СН Финансиско Друштво

СН финансиско друштво, како дел од кампањата за поголема финансиска едукација на населението и компаниите, организирана од страна на Групацијата на финансиските друштва при Стопанската комора, nоември го посветува на подобрување на финансиската едукација на клиентите и граѓаните на Македонија, како и подобрување на нивната финансиска информираност.

Затоа СН финансиско друштво ве советува:-Пријавете веднаш доколку ја изгубите вашата лична карта за да избегнете понатамошна злоупотреба

е откривајте информации за вашите сметки или лозинки

-Внимавајте каде ја приложувате вашата лична карта (дури и копија од истата)

-Внимателно споделувајте ги вашите лични информации

-Бидете свесни за остварувањето на вашите права

-Ажурирајте ги навремено вашите податоци кога има промена

Ваша е одговорноста за заштита на вашите лични податоци и свесноста за нивно користење во институции.

Во Ноември СН финансиско друштво има за цел да ви обезбеди суштинско знаење, практични совети и ресурси за донесување информирани финансиски одлуки за одговорно кредитирање.