Press "Enter" to skip to content

Премиерот Ковачевски во Битола, поводот, почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола (фотогалерија)

Претседателотна Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на настан со којшто се одбележани завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола.-Овој капитален проект станува реалност после 40 години, посакуван откако е изграден РЕК Битола, посочи премиерот Ковачевски.
Овој проект, како што нагласи премиерот, по своето значење и големина се сврстува во рангот на изграбата на РЕК Битола, на Стрежево и други капитални објекти од суштинска важност за Битола.
-Овој капитален проект се реализира со 39 милиони евра поддршка на германската KFW банка, како и дополнителни 7 милиони евра сопствени средства на АД ЕСМ и ќе донесе бројни придобивки коишто ќе ги почувствуваат сите граѓани. Интензивно се работи од 2021 година и системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година, соопшти премиерот Ковачевски.  
Трасата на топловодот поминува и низ Новаци и Могила, две рурални општини, во коишто жителите главно се занимаваат со земјоделство, а топловодот ќе даде можност за загревање на земјоделски оранжерии и објекти и со тоа ќе обезбеди дополнителна поддршка на развојот на земјоделството во регионот.
-Работиме по план и стратешки, реализираме проекти коишто со години се држеа во фиоки, поради тоа што не биле добро смислени и поставени, како што беше и со овој проект, којшто претходно беше економски неисплатлив и еколошки неприфатлив, порача премиерот Ковачевски, кој посочи на постигнатите решенија за постоечки предизвици. Решени се имотно правни односи по текот на трасата на топловодот, по пат на експропријација. Проектот од исклучително значење за Битола, Новаци и Могила е еколошки и ако претходно беше предвидено да има потстаница за догревање на влезот во Битола, којашто ќе работи на мазут, сега е тоа решено со потстаница за природен гас. А решена е, како што истакна премиерот – и најголемата дилема за долгорочноста на топловодот.
-Со последните измени на проектот, направени пред да отпочне неговата реализација, обезбедивме иднина на топлификацијата, без разлика од каков ресурс РЕК Битола ќе произведува електрична енергија. За ова веќе соработуваме и со еден од најголемите американски гиганти во оваа индустрија и веќе се водат конкретни разговори. Оваа гасна електрана ќе замени еден од постојните термоблокови. Дополнително, во финална фаза се и физибилити студи за нови над 300 MW фотонапонски централи на стариот рудник во РЕК Битола, нашиот најголем производител на електрична енергија од јаглен. Овие проекти се изработуваат благодарение на техничката помош што ја добиваме од меѓународните финансиски инситуции ЕБРД и KFW на кои сме им благодарни што ја подржуваат енергетската транзиција во Северна Македонија. Очекувам на почетокот на 2024 година, да се избере и компанијата која ќе ја изгради првата 20 MW фотонапонска централа во РЕК Битола и ќе ја започне енергетската транзиција. До крајот на наредната година централата ќе биде и во функција и оперативна на мрежа“, додаде премиерот Ковачевски и потенцира уште еднаш дека вработените во РЕК Битола не треба да стравуваат за својата иднина, туку напротив РЕК Битола има иднина, РЕК Битола ќе произведува струја за Северна Македонија.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов нагласи дека граѓаните на Битола ќе добијат парно од РЕК Битола, со што ќе се намали потрошувачката на струја и ќе се намалат сметките за затоплување на институциите и домовите и посочи на еколошките придобивки од топлификацијата.
-Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите. АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја, којашто произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија, порача Стефанов и додаде:-Денешниот ден е од големо значење за нас од АД ЕСМ, а најмногу за Битолчани. Проектот кој битолчани го чекаа 40 години станува реалност! Воведувањето на централен топлфикациски систем за градот Битола и неговата околина е идеја која се провлекувала со децении. Битолчани ќе добијат топлинска енергија, а со тоа и еколошки чист и високо комфорен начин на загревање на институциите, деловните субјекти и домовите. Поаѓајќи од фактот дека повеќе од половина од потрошената енергија во објектите отпаѓа на загревање, овој проект обезбедува висока економичност и поради тоа е од исклучителна важност за намалување на потрошувачката на електрична енергија за загревање, што е една од клучните придобивки за заедницата и за граѓаните. Со имплементацијата на овој проект, со користење на топлинска енергија за греење, ќе се намали користењето на електричната енергија, мазутот и огревното дрво за греење, а ќе се зголеми безбедноста и сигурноста на дистрибутивната мрежа на електрична енергија. Еколошките придобивки од Топлификацијата се огромни. Со воведувањето на овој вид на греење ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми енергетската ефикасност.Се изведоа многу специфични и тешки зафати, како што е преминот на цевките под реките Црна и Драгор, меѓутоа кога се има план и визија, кога се работи за најдоброто за граѓаните, тогаш нема дилема. Ги засукавме ракавите, вложивме многу труд и посветеност и успеавме. Овој проект кој до пред 4 години беше само на хартија, сега стана реалност. Топлификација на Битола се изведува со финансиска поддршка од КфВ банка во вредност од 39 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ инвестира 7 милиони евра сопствени средства. Поддршката и соработката со институции како КфВ придонесува кон побрза и полесна транзиција кон Зелената агенда за Западен Балкан, која во основа подразбира транзиција кон чиста енергија. Тоа останува наша заложба и во иднина. Во предвечерјето на Денот на ослободувањето на Битола, упатувам честитка до сите битолчани по повод овој празник. 
Директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров посочи дека „Битола добива топлификациски систем којшто е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW“.
-Местото каде што во моментов се наоѓаме е на точно 12,8 километри од почетокот на топловодот кој доаѓа од РЕК Битола. Поминавме низ полето, под регионалниот пат Битола – Новаци, се спуштивме под Црна Река, а за некој ден ќе поминеме и под железничката пруга што се наоѓа во близина. Во приказните, би рекле поминавме преку седум планини и мориња, за да дојдеме до Битола. Ама, ете и приказната за топлификација на Битола можела да стане реалност ако се знае, ако се умее и ако се сака. После 40 години постоење на РЕК Битола, топловодот од РЕК влегува во Битола. Битола добива топлификациски систем кој е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW. Со завршувањето на изградбата на трасата на топловодот од РЕК Битола до тука, започнуваат нашите предизвици низ битолските улици. Откако ќе се пробиеме под железничката пруга и ќе излеземе на обиколницата, ќе се работи паралелно на двата краци на топловодот – кон улицата Партизанска и кон кружниот тек на Дулие, па нагоре кон Црн мост. Во следните 18 месеци, низ Битола ќе бидат изградени 10,5 километри топловод. За градежните активности граѓаните ќе бидат благовремено известени. Задоволен сум и благодарен од досегашната соработка со Општина Битола и локалните јавни претпријатија и очекувам таа и понатаму да продолжи до целосното завршување на проектот. Први на топловодната мрежа ќе се приклучат полицијата, општината, болницата, спортската сала и други објекти кои се или големи потрошувачи на електрична енергија за греење или за затоплување користат мазут во топланите и ја загадуваат животната средина. Затоа, економските и еколошките придобивки што се очекуваат од топлификацијата во Битола ќе бидат реални и огромни. Ова е нашата честитка за денот на ослободувањето на Битола!На настанот беше оценето дека реализцијата на битолската топлификација е доказ дека „ако се работи напорно, нема недостижна цел“.

More from ВестиMore posts in Вести »