Press "Enter" to skip to content

Поетски рецитал за 4. Ноември “Поетско ќоше: Ние и револуцијата“ на гимназијалците од Битола (фотогалерија)

Учениците во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битооа по повод 4.Ноември, Денот на ослободувањето на Битола подготвија рецитал “Поетско ќоше: Ние и револуцијата“ со нивни авторски творби и поезија од македонски поети. Рециталот се реализира во училишната библиотека на Гимназијата под менторство на проф. Зоран Ѓуровиќ -библиотекар и проф. Даниела Петровска, проф. по македонски јазик и литература.Авторските творби на овие млади луѓе се нова еволуција во револуцијата, затоа што еднаш годишно се одбележува 4. Ноември, но секојднево секој од нас постојано се бори за ослободување од наметнатите неприродни општествени норми, од клаузулите кои го условуваат човекот, против ГМО, против климатските промени, против губењето на сопсвеното „јас“ во преголемата едноличност.-Овие млади автори кои се гордост на Гимназијата, испраќаат пораки кои го носат бремето на нивната младост, како некогаш што пееле Рацин, Караманов, Богоевски, Неделковски, Андреевски, Матески…, порачаа од Горната Гимназија.

Фото: Дамијана Ристеска 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »