-Наградите кои се доделуваат на Денот на ослободувањето на Битола, секогаш побудуваат интерес, а тоа е големо признание кое го добиваат поединци и компании. Пред 10 години, во 2013 година, наградата за животно дело ја доби познатиот битолски хроничар, истражувач, просветен и научен работник од областа на историјата, професорот Александар Стерјовски, започна со своите сеќавања за пред 1о години, Димче Миновски, хроничар на Битола, и доајен на битолското новинарство.
Тогаш, во 2013 година, добитници за едногодишни остварувања беа организацијата на жени Битола, Гимназијата “Јосип Броз Тито“, ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“, компанијата “Кромберг и Шуберт“ како и приватниот стопанственик Велчо Петровски од “Папал Дизајн“.
За значењето на големиот празник на Битола, во присуство на голем број гости, претставници на политичкиот, културниот и општествениот живот на Битола, делегации на збратимените градови, за постигнувањата на Битола меѓу двата родендени зборуваше, тогашниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
На доделувањето на наградата за животно дело, во образложението за професорот Стерјовски се вели дека е истакнат професор, научен работник од областа на историјата и македонската литература и историја на Битола, хроничар, раскажувач, кој со посебно чувство навлегува длабоко во тајните на проблематиката, откривајќи ги до најситни делови сите параметри во истражувачкото.
-Ова е голем момент за нас. Големи напори, патувања, истражувања, непреспиени ноќи. Тоа е научната рабата. Многу труд, напор, тоа е работата на сите кои се наградени денеска. Голема возбуда има кај нас, но и среќа и радост зошто тоа ни го доделуваат граѓаните на Битола, на еден посебен датум, големиот историски ден, ослободувањето на Битола, рече Стерјовски, кој тогаш го најави и неговото големо дело, негов животен сон, а тој е “Битолските 10 книжија”, со кои тој се обидува да ја открие душата на Битола и најзначајните датуми на Битола.
По врачувањето на четврто ноемвриските награди, беше изведен музичко сценскиот перфоманс “За мојата Битола“.

Деновиве пред 10 години: професорот Александар Стерјовски доби награда за живвотно дело (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Деновиве пред 10 години: на “Денот на дрвото“ засадени двеста илјади садници (фото)
- Општина Битола: зимската приказна и новогодишниот блесок ќе започнат од Старата чаршија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол