Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите “4-ти Ноември“ на Општина Битола, плакета за животно дело на Димче Миновски (видеа+фотогалерија)

-Покрај наградата за животно дело беа Општина Битола доделени и наградите за едногодишни остварувања на Едногодишни награди добија Здружението на пијанисти и музички педагози “Пијано“ Битола, Јован Стефановски – научен работник, Гордана Такец – писателка, поет, уметник, Фанче Јошевска – д-р на науки во облста на техничките науки и Народниот театар Битола.

-Вечерва присутните уживаа во подарокот за битолчани, во изведба на Камерниот оркестар и гостите – солисти.Вечерва на Свечена академија која се одржа во Народниот театар, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.На Академијата покрај “домаќинот“ градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, присутни беа министерката за култура Бисера Костадонова – Стојчевска, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, Владиката Петар, делегациите од збратимените градови, поранешни градоначаници на Битола и претседатели на градот…Добитниците на наградите во име на претседателката на Одборот за доделување на наградата “4-ти Ноември“ Габриел Илиевска, ги соопшто највзрасниот советник во Одборот, советничката Ненси Лозанче. Таа ги прочита и образложенијата според кој на добитниците им се доделени наградите.

Наградата за животно дело му беше врачена на Димче Миновски, спортски новинар од радио Битола, автор на емисии, хроничар на Битола, спортски работник, општествен работник, писател. За неговите активности до 81 година од животот, Лозанче имаше подолг список, како и список од каде се дојде предлогот за ова највисоко општинко признание. Миновски е доботник на предлог на Сојузот на спортови каде бил претседател, а сега почесен претседател, заедно со адвокатот Никола Главинче.Миновски кој и сега е активен во новинарството, секако колку може во битолскиот портал www.bitolanews.mk заблагодарувајќи се на наградата, возбуден и со многу емиции рече:Во текот на мојот живот имам добиено безброј награди и признанија, меѓутоа ова што вечерва ми се случува навистина е нешто што никогаш нема да го заборавам. Сите во животот правиме чекори, но во разни чевли. Меѓутоа покрај чекорењето, најважното е какви траги ќе оставиме зад себе, а јас мислам дека оставив зад себе некои траги со пишувањето на книгите и она што го имам сработено во работниот век и како пензионер. Сакам да им порачам на помладите колеги да пишуваат, но и останатите кои се доволно стручни во своите дејности. Секој може да напише книга, само треба да има нерви и малку трпение. Денеска ја добивам оваа висока награда, но пред ова вечерва добив уште една награда. Кога беше објавена веста дека сум добитник 700-800 души ми се јавија да ми честитаат, други ме среќаваа во живо на улица и ми честитаа. Наградата секако е поттик и мотивација за продолжување со работа.Пред доделување осврт имаше Тони Коњановски – градоначаник на Битола за тоа што тој и неговиот тим го сработиле во оваа измината година, со надеж дека недоразбирањата ќе бидат надминати кои беа во текот на оваа година во политиката.Потоа Лозанче им ги доделија наградите за едногодишни остварувања, а градоначалникот Коњановски ја додели наградат за животно дело на Миновски, а во име на доботниците се обрати директорот на НТБ Иван Лерчиќ. 

На крај на оваа вечер, како рече градоначалникот подарок за битолчани, беше концертот на Камерниот оркестар и гостите солисти, а беше изведена во нов аражман и антологиската песна, химната на Битола, “Битола, мој роден крај“ од авторот Ајри Демировски.

Текст С. Ристевски

Фотографии: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »