Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од Беса на домашен терен

Пелистер – Беса 1:2 

Вчера во Битола, стадионот „Петар Милошевски“ се одригра дерби натпреварот од 11. коло во Втората фудбалска лига екипата на Пелистер е поразена од лидерот на табелатам екипата на Беса, со резултат 1:2.

Фитор Адеми кој ги постигна двата за екипата на Беса, во 22. и 80. минута, а за првиот, останува оправданата забелешка дека е постигнат од офсајд-позиција, видлива, но без реакции на судиите.

Симео Христов во 87. минута го постигна единствениот гол за домашната екипа.

Оправдано домаќините протестираа за арбитражата на Младеновски и помошниците.

По 11. кола екипата на Пелистер се наоѓа на третото место со 21 бод. Лидер на табелата е Беса со 28 бода. Второпласирана е екипата на Детонит Плачковица со 23 бода, а на четврто место е Охрид со 20 бода.

Во наредното коло Пелистер му гостива на Тетекс.

 

More from ВестиMore posts in Вести »