Press "Enter" to skip to content

Стефанија Алексовска градски кугларски првак на Битола (фото)

Во кугланата во Битола, во изминатите две недели, традиционално, за 4-ти Ноември, се одигруваше Градското првенство во куглање на Битола. Настапија членовите на кугларскиот клуб Пелистер.По дводневните квалификации во најдобрите четири, се пласираа Ивана Трајчевска, Стефанија Алексовска, Емилија Переска и Андреа Вељаноска. Во полуфиналињата Ивана беше подобра од Андреа, додека Стефанија ја совлада Емилија.Во малото финале, Андреа одигра 2:2 со Емилија, но имаше подобар вкупен збир и беше трета, додека Стефанија одигра 3:1 против Ивана и официјално е Градски женски кугларски првак на Битола за 2023 година.Наградите и признанијата ги додели Игор Михајловски во својство на претседател на Македонска кугларска федерација.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »